• Сподели на:

Истражување: Физичката неактивност е поопасна од прекумерната тежина

___

Британските научници кои ја проучувале физичката активност дошле до заклучок дека можете да имате неколку килограми повеќе, а истовремено да бидете во топ форма.

Истражувањето покажало дека во поглед на ризикот од смрт подобро е да имате неколку килограми повеќе и да бидете активни, отколку да бидете со просечна тежина и да бидете неактивни.

Научниците сметаат дека физичката неактивност е најголем здравствен проблем во 21 век, но и дека луѓето се преоптеретени со тоа што го покажува вагата, наместо да обрнат внимание на својот неактивен стил на живот.

Поголемиот број на луѓе се занимаваат со различни видови на физичка активност само кога сакаат да ги намалат килограмите, а го занемаруваат фактот дека активноста може да го намали ризикот од болести на срцето, дијабетис, и некои видови на рак.

Затоа научниците советуваат луѓето да не обрнуваат многу внимание на бројките кои ги покажува вагата, туку да се сконцентрираат на физичката активност која ќе им овозможи подолг и здрав живот.

 


Оставете коментар

___