Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Имате покачен шеќер ? Дрмнете текила!

Верувале или не, стручњаците докажале дека шеќерот од текила го намалува ризикот од дијабетис тип 2, а може да се користи и кај луѓе кои сакаат да ослабат.

Tekila006.830x553

Конечно имате вистински повод да наздравите со текила. Секако со неизибежните сол и лимон! Агавин, природните шеќери кои се присутни во текилата, се поврзани со намален ризик од дебелеење и дијабетис тип 2.

Во експериментите на мексиканските научници врз глувци, потврдено е дека конзумацијата на агавин, доведува до намалување на внесот на храна, намалена телесна маса и намалена концентрација на глукоза во крвта.

Tekila005-670x502

Научниците објаснуваат дека шеќерите добиени од агава делуваат како прехранбени влакна и затоа нивната конзумација не резултира со покачување на концентрацијата на шеќер во крвта. Според нивните зборови, ова ја отвара можноста за користење на агавин како алтернативен засладувач.

Tekila003-670x397

Инаку, класични симтоми на дијабетис тип 2 се зголемена жед, често мокрење и константен глад. Дијабетис тип 2 е застапен во 90 посто од случаите на дијабетис, додека останатите 10 посто се шеќерна болест тип 1. Дебелината се смета како главен причинител на дијабетис тип 2 кај луѓе кои имаат генестски предизпозиции за таа болест.

Tekila001-670x502

Дијабетис тип 2 во почетокот се лечи со повеќе вежбање и промена на исхраната. Ако нивото на глукоза во крвта не се намали доволно со овие мерки, може да се дојде до потреба на користење лекови како што се метформин или инсулин. Дијабетис тип 2 може да предизвика сериозни здравствени проблеми, лоша работа на бубрезите, проблеми со видот и го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement