• Сподели на:

Грчеви во мускулите – како да ги победиме

___

Грчевите во мускулите можат да бидат голем проблем при пливање, a честа појава се и така наречените „ноќни грчеви“, кои настануваат при заспивање или будење. Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со овој проблем, а кај некои луѓе грчевите се јавуваат многу почесто и можат да претставуваат сериозна пречка.

Тие се манифестираат како силни, болни контракции или затегнувања на мускулите, кои се јавуваат ненадејно и траат од неколку секунди до неколку минути, најчесто во нозете (стапалата, листовите, бедрата…).

Грчевите настануваат кога мускулите се изморени, прекумерно искористени или воспалени, по долготрајно седење, кога сме дехидрирани или пак ни недостигаат електролити и минерали.

Како да бидеме комотни при пливање и како да го минимизираме ризикот од грчеви?

1. Да се загреваме пред да пливаме и задолжително да ги релаксираме мускулите по пливањето (истегнување, но и масажа со природни препарати)

2. Постојано да сме хидрирани, односно да пиеме најмалку 2 литра вода на ден

3. Да внесуваме идеална комбинација на внимателно избалансирани состојки: магнезиум, калиум и витамин Б6. Комбинацијата на овие состојки придонесува за нормално функционирање на мускулите и нервниот систем, нормализација на енергетскиот метаболизам, заштита на клетките од оксидативен стрес и намалување на заморот и исцрпеноста.


Оставете коментар

___