Едно ново истражување, кое е објавено во списанието Артритис, открива дека ѓумбирот е еднакво ефикасен лек против болки, во споредба со на пример – Ибупрофен.
И додека Ибупрофенот е еден од напопуларните лекови против болки, ова истражување покажува дека не го смалува нивото на цитокин во телото.
Цитокините можат да бидат позитивни и негативни, а негативни се вид кој шири воспалени процеси низ телото за кои истражувањата покажуваат дека се поврзани со влошување на симптомите на артитисот и остеоартитисот.
Ѓумбирот е познат по своите лековите својства, а ова истражување тоа одново го потврдува – изјавила водителката на истражувањето др. Кришна К. Сривастава.
Предходните истражувања покажаа дека лековите против болки можат да го зголемат ризикот од појавување на разни здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со видот, накачување на телесната тежина, краток здив, депресија, срцева аритмија, слабост на мускулите, висок крвен притисок, главоболка, анксиозност, болки во градите, проблеми со спиењето, акни, споро зараснување на раните и бројни други проблеми.
Ѓумбирот докажано има противвоспално делување и значајно го смалува нивото на цитокин во телото. Што се однесува на штетното делување, потребно е да ги пратите упатствата од лекар или стручно лице затоа што некој истражувања покажуваат дека прекумерна конзумација на ѓумбир може да има штетно влијание на дигестивниот систем.
Освен што ја намалува болката, ѓумбирот исто така спречува хронични воспаленија во телото а може да го намали и веќе постоечкото воспаление. Одлично е тоа што свежиот и термички обработениот ѓумбир имаат потполно исти својства.
Како да го конзумирате ѓумбирот
– Исецканите свежи парчиња ѓумбир додадете ги во супа, вариво или сос.
– Додадете ѓумбир во соковникот додека си спремате свежи сокови.
– Побарајте суплементи од ѓумбир, воглавно се наоѓаат во форма на капсула.
– Варете го свежиот ѓумбир во вода околку 45 минути, а потоа испијте го како топол или ладен чај.

You must be logged in to post a comment Login