• Сподели на:

Eве што ќе им направи пушењето на вашите заби

___

Пушењето го зголемува ризикот за појава на срцев удар и истовремено е најголем фактор кој го зголемува ризикот за појава на рак на белите дробови.
Меѓутоа, дали сте знаеле на кој начин и до која граница пушењето им штети на забите, непцата, вилицата и другите меки ткива?

Последици од пушењето:

Пигментација на забите – Пушењето предизвикува пигментација на забите во некои случаи доаѓа и до целосна промена на бојата на забите. Избелување на забите или изработка на протетски надоместоци  можат да го променат тоа.

Лош здив – Еден од главните предизвикувачи на холитоза е пушењето. Не само што пациентите имаат сува уста, туку и катранот и никотинот се собираат во усната шуплина што доведува до „пушачки здив“. Заболени непца како последица на пушењето исто така го создаваат лошиот здив.

Оштетени заби – Пушењето предизвикува голема акумулација на денталниот плак во истата, што за последица има брзо собирање на забен каменец и брзо создавање на кариес.

Заболување на непца – Одередени состојки во чадот од цигарите спречуваат нормална функција на ќелиите на непцата поради што доаѓа до заболување на непцата и се отвара пат за понатамошно инфицирање на коскеното ткиво. Докажано е пушачите се подложни на парадентоза како и дека нивното лекување е многу потешко отколку кај непушачите.

Губење на забите – кај пушачите е предизвикано со развојот на парадентозата. Во овој стадиум коската која ги држела забите на свое место се повлекува и со тоа ги остава забите без потпора. На овој начин пациентите можат да изгубат голем број на заби и со тоа е намалена можноста за квалитетни протетски интервенции.


Оставете коментар

___