Апнејата, односно застојот на дишиње за време на спиењето, може да го зголеми ризикот од воспалување на белите дробови.
Истражувањето на тајланските истражувачи покажува дека поголем е ризикот за воспалување на белите дробови кај лицата со апнеја, не толку редок случај кој се карактеризира со приврем престанок на дишењето во сон.
Како што пишува “Canadian Medical Association Journal”, ризикот од воспалување на белите дробови е зголемен кај лицата со изразена апнеја. Во студијата се користени податоци од 34 100 испитаници во период од единаесет години.
Според добиените резултати, стручните лица објаснуваат дека апнејата предизвикува привремена блокада на горните дишни патишта и така оневозмозува доток на кислород, што може да доведе до инхалирање на содржината од грлото и белите дробови и притоа да дојде до нивно воспалување.
Ризикот од воспалување на белите дробови поврзан со апнејата е зголемен во комбинација со други здравствени проблеми, како болести на срцето, дијабетис и деменција.




You must be logged in to post a comment Login