• Сподели на:

Домашни капки против болка во ушите

___

Забавните авантури со водата можат да имаат не толку пријатен крај!

Природата сепак пронашла лек за се, вклучувајќи и за болката во ушите. Како “доктор” за овој проблем, таа го именувала …лукот!

Научниците од Државниот универзитет во Њујорк утврдиле дека во него е содржана особена материја-алицин, кој се бори со бактериите толку ефикасно колку и лек. Затоа лукот е одличен начин со кој ќе ја ублажите болката во увото.

Доволно е да си направите домашни капки за овој проблем. А за да го направите тоа не ви е потребна диплома од фармација! Едноставно ставете две изгмечени парчиња лук да се пржат во половина чаша маслиново масло 2 минути. Оставете ја добиената смеса да се олади и кога ќе стане пријатно топла капнете по две капки од неа во секое уво.


Оставете коментар

___