Црниот дроб е најголемата жлезда во човечкото тело, а ја нарекуваат и лабораторија на организмот, бидејки ги елиминира отровите кои ги внесуваме со храната, водата и лековите. Доколку дојде до проблеми со црниот дроб, се јавуваат бројни тегоби. За среќа, може да се излекуваат со помош на растенија.
1. Корен од куркума – екстрактот од коренот на куркума е меѓу најдобрите природни средства за чистење на црниот дроб. Додадете лажица куркума во малку павлака или сирење и изедете го со доручекот. Веќе за седум дена вашиот црн дроб ќе биде опоравен..
2. Корен од глуварче – Коренот од глуварче го подобрува варењето и го чисти црниот дроб од токсини. Исто така, овој корен го одржува оптималното ниво на калиум кој го регулира крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Доколку имате грчеви во мускулите, земете три пати дневно по пет капки од обој корен пред оброците.
3. Листови од артичок – Листовите од артичок е еден од најстарите природни лекови. Тој го подобрува варењето и го спречува појавувањето на масти во црниот дроб.

You must be logged in to post a comment Login