По зимското „таложење„ на вишок килограми, сега е вистинско време е да го промените режимот на исхрана се вратите во форма. Ако вагата ви покажува само два до три килограми повеќе од вашата нормална тежина, нема потреба да се „фрлате“ на тешки диети. Доволно е од мениот да ги извадите непотребните калории: слатки, пецива, леб и тестенини, како и да малку да ги намалите порциите, и резултатот набрзо ќе биде видлив. Но ако се собрале малку повеќе килограми одвишок, потребно ќе ви биде и малку повеќе време, но резултатот сигурно ќе дојде. Токму затоа е важно да почнете со новиот режим на исхрана што поскоро, за до пролет да можете да бидете задоволни со својата фигура. Оваа диета не е ригорозна и содржи намирници кои воглавно сите ги сакаат, единствено потребо е да се придржувате до наведеното време и да не прескокнувате оброци.
Ден 1
Доручек: Шоља зелен чај без шеќер (може вештачки засладувач), лажица интегрални житарици без шеќер, 150 гр свежо немасно сирење, 1 јаболка
Ручек: салата од корен од целер со лимон, пилешки гради на скара, динстани печурки со лук и магдонос, без масло, 1 круша
Околу 16 часот: 1 чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи или обезмастен јогурт
Вечера: чинија супа од зеленчук, стек печен во алуминиумска фолија, варен зеленчук за супа (праз, моркови, тиквички, корен од целер, зелен зелка), 1 обезмастен јогурт
Ден 2
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, две парчиња леб (30-40гр) со малку путер, 150 гр младо посно сирење, сок од 1/2 грејпфрут
Ручек: салата од печурки, омлет од две јајца, печени домати (со магдонос и една лажичка маслиново масло), 2 мандарини
Вечера: чинија супа, варена риба, варена брокула на пареа со една лажичка маслиново масло, малку сирење со најмногу 20% маснотии
Ден 3
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 4 лажички житарици без шеќер, 1,5дл обезмастено млеко, 1 киви
Ручек: 120-150гр телешки стек на скара, мешана салата (ендивија, цвекло, марула, рендан морков, домат) со 1 лажичка маслиново масло, свежо немасно сирење.
Околу 16 часот: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, еден портокал
Вечера: зелена салата, филе од бела риба печено во рерна со лимон, мајчина душица, ловоров лист и магдонос; малку сирење со најмногу 20% маснотии
Ден 4
Појадок: 1 чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 2 парчиња интегрален леб со малку путер, 1 јогурт од соино млеко, сок од 1 портокал
Ручек: салата од боранија, печено мисиркино филе, варен карфиол на пареа со 1 лажичка маслиново масло, 1 обезмастен јогурт со 1 лажичка кокосово брашно
Околу 16 часот: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 1 јаболко
Вечера: салата од домати, 2 парчиња посна шунка, 1 порција спанаќ, 100 гр свежо младо сирење
Ден 5
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 4 лажички житарици без шеќер, 150 грама свежи немасно сирење, 1 мала банана
Ручек: салата од марула со сок од лимон, варена пастрмка, малку сирење сонајмногу 20% маснотии, 1 круша
Околу 16 часот: 1 чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 1 парче ананас
Вечера: салата од грав, мисиркин стек со сенф, тиквички печени со маслиново масло, 1 обезмастен јогурт со лажичка какао.
Ден 6
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 2 парчиња леб (30-40 g) со малку путер , 1 обезмастен јогурт од соино млеко, сок од 1 портокал.
Ручек: салата од цикорија со магдонос и една лажичка маслиново масло, полнети домати (со мелено говедско месо, 1 јајце), малку сирење со најмногу 20% маснотии
Вечера: Салата од краставица со јогурт, 2 ражничи од печени ракчиња, риби, пиперки и кромид, малку грашок варен на пареа, 1 обезмастен јогурт
Ден 7
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 4 лажички житарици без шеќер, 150 грама свежо обезмастено сирење, 1 круша
Ручек: салата од брокула, печени стек од мелено говедско месо, динстани моркови со магдонос и 1 лажичка маслиново масло, 1 јогурт со помалку маснотии.
Околу 16 часот: грст суво овошје
Вечера: пилешки гради на скара, пире од компири и чаша јогурт
Ден 8
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 2 парчиња интегрален леб (30-40гр) со малку путер, 150g свежи обезмастено сирење
Ручек: салата од печурки, омлет од две јајца со исецкани пиперки, динстани тиквички со магдонос и 1 лажичка маслиново масло, 1/2 грејпфрут
Околу 16 часот: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 1 обезмастен јогурт
Вечера: чинија супа, филе риба со сок од лимон, варени моркови на пареа, малку сирење со најмногу 20% маснотии
Ден 9
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, две парчиња леб со малку путер, јогурт, сок од портокал
Ручек: салата од краставица и домат, 1 пилешки гради на скара, динстани печурки со магдонос и лук без масло, 1 јогурт со 1 лажичка кокосово брашно
Околу 16 часот: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 1 јаболко
Вечера: зелена салата, 2 парчиња посна шунка, 1 порција варен грав, 100g свежо посно сирење
Ден 10
Појадок: чаша зелен чај без шеќер и вештачки засладувачи, 4 лажички житарици без шеќер, 1,5мл на обезмастено млеко, 1 киви
Ручек: риба зготвена со анасон, мешана салата (зелена, морков, зелка и домати) зачинети со јаболков оцет и лажичка маслиново масло, малку свежо нискоокалорично сирење.
Вечера: салата од зелени мешунки, 120 g на ладен телешки стек на скара, пире од целер, малку сирење со најмногу 20% маснотии



You must be logged in to post a comment Login