И покрај широката употреба, се чини дека антибактериските сапуни и немаат некаков бенефит кога се во прашање просечни луѓе кои ги користат дома, најверојатно затоа што тоа го прават на погрешен начин, пренесува LiveScience.
Во текот на изминатите две децении, бројот на производи кои содржат антибактериски состојќи триклосан и триклокарбан значително е зголемен на 2.000 артикли во 2014 година, судејќи по новата работа на Ролф Халден, директор на Центарот за безбедност на Универзитетот Аризона Стејт.
Овие производи вклучувајќи сапуни, детергенти, облека, паста за заби, па дури и цуцли.
Како последица на сето тоа, многу луѓе се изложени на овие хемикалии – само во САД една третина од населението во својата урина има количество на триклосан кои можат да бидат откриени.
Се покажало дека антибактериските производи се ефикасни во уништување на микроорганизмите во болниците и други медицински институции, а пастата за заби со триклосан може да им помогне на луѓето со болести на непцата.
Сепак, постојат многу малку докази дека овие производи се поефикасни од обичниот сапун кога е во прашање општата популација, тврди Халден.
Недостатокот на ефикасност може да биде предизвикан од погрешна употреба на производот – со цел ефективно да ги убиеме бактериите, луѓето мораат да ги мијат рацете со антибактериски производ 20 до 30 секунди, но студиите покажале дека поголемиот број од луѓето, рацете ги мијат во просек 6 секунди.
Притоа, се повеќе студии укажуваат на тоа дека микробите можат да се прилагодат на овие хемикалии што доведува до зголемување на нивната отпорност на антибиотици кои се користат за лекување на инфекции, додека одредени истражувања на животни укажуваат на тоа дека овие хемикалии влијаат и на хормоните во телото.

You must be logged in to post a comment Login