• Сподели на:

Дали ги користите пластичните шишиња повеќе пати? Во нив демнат бактерии како на WC школка…

___

Според истражувањата, сите шишиња кои се користат повеќе пати се полни со бактерии. Всушност, научниците велат дека кога ќе се напиете вода од повеќе пати употребено шише, тоа е исто како и да сте “лижнале” од WC школката.

Сепак, тие својот тест го спровеле на шишињата на спортистите, но истото важи за сите нас коишто се занимаваме со спорт, иако тоа можеби и не е професионално.

Тие земале неколку шишиња и ја измериле бројната состојба на бактериите. Се испоставило дека во најнечистото шише имало повеќе од 900.000 колонии од бактерии по квадратен сантиметар, што е навистина многу, или многу повеќе од просечна школка во тоалет. Секако, се работи за екстремен пример, но во просек, шишињата имале по околу 313.499 колонии по квадратен сантиметар, што исто така не е воопшто малку.

Што тогаш да се направи по тоа прашање?

За почеток, мијте ги почесто. Покрај тоа, внимавајте и на тоа какви шишиња купувате. Најпогодни за развој на бактерии се оние кои се затвораат со лизгање горе-долу. Многу помалку бактерии се пронајдени во стандардните шишиња со обично капаче, а секако најдобра опција е да ставите цевка во шишето и истата редовно да ја менувате.

И за крај, многу е поздраво да изберете чаша од нерѓосувачки челик отколку пластична.


Оставете коментар

___