Има нутриционисти кои советуваат обилен доручек, богат со масти и протеини, а ручекот да биде умерен и многу лесна вечера… тоа е клучот кој ја одржува тежината и оптималното здравје.
Во прилог на оваа теза се новите истражувања од Универзитеот во Ерусалим која докажува дека обилен доручек кој содржи белковини и масти може да помогне и на личност со дијабетис степен 2 да го контролира гладот и нивото на шеќер во крвта.
Нивната порака е заснована на претходните трудови кои покажале дека луѓето кои редовно доручкуваат во просек имаат низок индекс на тежина. Еврејските научници утврдиле дека испитаниците кои во рок од 3 месеци конзумирале обилен доручек кој се состоел од протеини и масти напротив имале пониско ниво на шеќер во крвта.
Здрав доручек составен од протеини и масти го намалува ризкот од дијабетис.
Во испитувањата биле вклучени 59 испитаници, подебели и возрсани луѓе со дијабетис тип 2.
Поделени се на групи , едната во тек на проучувањето во период од 13 недели добивале мали нискокалорични доручеци само со 12,5% вкупни дневни калории, а другата група добивала обилен доручек со повеќе количини протеини и масти, што било 33% од вкупните дневни калории.
Секои две недели им е мерено нивото на хормони, масти , крвта и редовно се правени маркери на инфламација.
На крај на проучувањето, се утрвдило дека групата која конзумирала обилен доручек богат со протеини и масти ја намалиле глукозата во крвта. Групата која конзумирала обилен доручек имала понисок притисок во однос на другата со нискокалоричниот доручек.
На крај се покажало дека со обилниот доручек се помалку сме гладни во тек на денот и нивото на гликоза било подобрo.

You must be logged in to post a comment Login