• Сподели на:

Цигарите не ве смируваат, ве прават депресивни

___

Пушачите имаат 70 проценти поголема шанса да страдаат од депресија и анксиозност, според една нова студија.

Истражувачите велат дека одкажување од пушењето може да им помогне на луѓето да се борат против овие проблеми и да се подобри нивното ментално здравје.

Се покажа дека ризикот од овие проблеми во врска со луѓе кои имаат повеќе години престанато со пушење не е ништо поголем од луѓе кои никогаш не пушеле. Во студијата се вклучени 6.500 лица постари од 40 години. Се покажа дека 18,3 отсто од пушачите страдаат од депресија и анксиозност, во споредба со 10 отсто од непушачите и 11,3 проценти од поранешни пушачи. Во последната категорија се лицата кои не запалиле цигара една година.

Стручните лица твдат , заблуда е дека цигарите смируваат. “Нашата студија покажа дека откажување од пушењето не го подобрува само физичкото, туку и менталното здравје” вели водечкиот истражувач Роберт Вест, професор по психологија на Универзитетот во Лондон.

Пушачите сметаат дека пушењето ги смирува, но тоа всушност ја зголемува вознемиреноста и тензиите. Кога ќе запалат цигара, тие всушност привремено го блокираат стресот предизвикан од недостатокот на никотин во организмот и го мешаат со вистинска релаксација.

Сепак, на долг рок, постојано чувство на лишување од  никотин буди хронична анксиозност.

Инаку, анкетата спроведена минатата година покажа дека одкажувањето од пушењето во такви случаи може да биде ефективно, како земајќи антидепресиви.


Оставете коментар

___