Како што самите знаете, прораката на лекарите и спортските работници е да се применува умерена физичка активност во текот на целата години, а не кампањски како што повеќето девојки тоа го прават. Бидејќи летото е најчест период кога се престанува со вежбањето, ова се неколку предлог активности кои можете да ги практикувате:
1. Возење велосипед. Времето е убаво, можете да отидете во обиколка на блиските места а во исто време да тренирате. Дистанца од 30 километри со умерена брзина е вистинка мерка.
2. Пливање во базен, езеро, река или море. Пливајте минимум 300 метри дневно и ќе го одржувате своето фит тело до враќањето во теретаната.
3. Планинарењето е одлична физичка активност за летниот период. Уживајте во прошетките во природа во убаво и затегнато тело.
4. Ако останете во град, теретаната е секогаш отворена. Бидејќи гужвите се помали, тренерите ќе можат да ви посветат повеќе внимание на вежбањето, па така и поефикасно ќе вежбате.

You must be logged in to post a comment Login