• Сподели на:

Болести во сенка: здравствени проблеми кои не смеете да ги игнорирате

___

Експретите не се сигурни која е причината што некои болести одат во пар, но доколку го знаете ризикот, можете да превенирате.
Со години докторите набљудувале дали пациенти со една болест можат да се здобијат со дополнителна компликација која е навидум неповрзана и често посериозна. Една од најдобро познатите конекции е помеѓу мигрените и срцев удар.
Мигрена – срцев удар
Доколку често страдате од мигрена, вашиот лекар веројатно ве има предупредено за можноста од срцев удар. Фрекфентноста е важна. Доколку имате повеќе од една мигрена во месецот, шансите за срцев удар се 50% поголеми од луѓето кои не страдаат од мигрена.  Внимавајте на вашиот кардиоваскуларен систем, со тоа ќе ги намалите шансите од проблеми со срцето.
Ендометриоза –  меланом
Во 2007 година, 12 годишната студија од Франција потврдува дека жените со ендометриоза имаат 62% повеќе шанси да страдаат од меланом. Истражувачите не се сигурни која е поврзаноста помеѓу овие две болести, но едната од можностите е генетски дефект кој ги предизвикува двете болести.
Висок притисок – дијабетис
Докторите долго се прашуваа како се овие две болести поврзани, бидејќи обете се појавувале заедно, особено кај пациентите со прекумерна тежина. Констатно повишениот притисок, односно хипертензијата ја дуплира веројатноста од развој на дијабетис. За превенција на обете болести, мора да се внимава на функционирање и одржување на кардиоваскуларниот систем.

Оставете коментар

___