Индиската масажа на главате е едноставна и ефективна терапија за отстранување на длабоките симптоми на стрес, напнатос во рамената, глават и вратот. Се изведува во седечка позиција, без соблакање и без масла. Времетраењето е 30 минути.
Масажата на глава води потекло од богатите индиски традиции на природно лечење. Денешниот облик на масажа на главата популарно се нарекува Champisaage.
Главата, вратот и рамената претставуваат важни енергетски центри на нашето тело. Кога сме изложени на стрет и тензија, тоа највеќе се акумилира во овие делови, блокирајќи го текот на крвта, кислородот и животната енергија. Овие блокади предизвикуваат вкочанетост во рамената и вратот, болки во очите, главоболки и паѓање на косата.
Индиската масажа на главата, на едноставен и природен начин воспоставува рамнотежа, одмор и самолечење. Опуштеност, поголема концентрација, квалитетен сон, и здрава и убава коа се само некои од добрите страни кои ги нуди ова искуство.

You must be logged in to post a comment Login