Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Анемија: Откријте дали сте слабокрвни

Анемијата е заболување кое е предизвикано од намален број на црвени крвни зрнца, намалено ниво на хемогоблин и/или намалени еритроцити во крвта, поради што во срцето, мускулите, мозокот и друтие делови од телото не пристигнува доволно кислород.

Анемијата може да биде предизвикана од обилно крварење, недостаток на фолна киселина или витамин б12, пореметување во созревањето на еритроцитите, како и појачано или забрзано разградување на црвените крвни зрнца. Сепак, најчест причинител на слабокрвноста е недостаток на железо.

Ова заболување понекогаш се развива и покрај правилната исхрана бидејќи телото е подложно на некоја друга болест или примена на некои лекови и не може да апсорбира доволна количина железо.

Голем број на трудници патат од анемија бидејќи го занемаруваат фактот дека на нивното тело во овој период им е потребно поголема количина од овој минерал.

За слабокрвноста карактеристични се честите главоболки, повремено гушење проследено со недостаток на воздух, губење на концентрација, умор и срцева аритмија. Лицето и слузокожата стануваат бели, ноктите крути, а се јавува и осетливост на инфекции.

Бебињата и малите деца со анемија губат апетит, не можат долго да одржуваат внимание, подоцна проодуваат или прозборуваат и заостануваат во развојот. Многу е важно да се обратите на лекар веднаш кога ќе се посомневате во анемија, а терапијата ја препишува исклучиво специјалист, бидејќи неконтролиран внес на железо може да предизвика оштетување на јетрата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement