Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

9 навистина едноставни работи кои секоја жена мора да ги прави за своето здравје

Сте размислиле ли кои се оние лесни и безболни нешта кои секоја жена може да ги прави за своето здравје и благосостојба, но сепак не го прави тоа? Еве што предложуваат експертите за женско здравје:

 

1. Подгответе се пред да одите на лекар.

Непосредно пред да отидете, размислете кои се трите најважни нешта за кои би сакале да разговарате со вашиот доктор. На тој начин, вашиот доктор ќе може точно да одговори на вашите потреби, наместо да ви ги поставува сите рутински прашања кои можеби нема да ви одговорат се што вам ве интересира.

 

2 . Запознајте ги вашите гради.

Некои истражувања велат дека жените кои редовно си ги проверуваат градите сами, или се здрави жени кои непотребно се грижат премногу, или се жени кои, промашувајќи да забележат некоја грутка, едноставно добиваат лажно чувство на безбедност. Но докторите не се согласуваат со тоа. Според нив, жената треба да прави проверка еднаш месечно, по завршувањето на менструацијата, додека се тушира. Имено, многу повеќе жени самите успеале да си откријат грутки во градите, отколку што доктор го направил тоа, а веќе било доцна.

Сите жени од над 20-годишна треба да се информирани за потенцијалните придобивки и ограничувања од самостојно испитување на градите, па тие самите да можат да одлучат што е правилно за нив. Дури и оние кои не се проверуваат редовно, треба да се знаат како нивните гради нормално изгледаат на око и допир, и да пријават било какви промени на нивниот лекар веднаш.

Woman wrapping towel after shower.

 

3 . Надгледувајте ги вашите бемки.

Проверката на бемките е многу, многу важна. Жените кои имаат светла кожа и имаат многу бемки вообичаено се многу посвесни и внимателни, но и жените со потемна кожа не смеат да забораваат на тоа. Обрнете внимание на можна асиметрија, границите, бојата, големината, и дали и како бемката се развива – и обидете се да го правите тоа барем еднаш месечно (користете огледало или замолете некој пријател да ви помогне при проверката на вашиот грб). Исто така, носете очила за сонце секојдневно. Дури и ако кожата не ви изгоре, сеуште сте изложени на ризик од рак на кожа.

 

4 . Следете го вашиот менструален циклус, но и вашиот сексуален нагон.

Една неодамнешна анкета покажа дека многу жени не ги разбираат основните концепти на репродукција (како кога на пример, кога обично се случува овулацијата ), но обрнувањето внимание на вашиот циклус овозможува поедноставно и побрзо да се алармирате при било какви абнормалности, на пример доколку крварите повеќе денови од вообичаено, или чувстувате силна болка или тежина при протокот.

Во иста насока, не ги игнорирајте и проблемите со вашето сексуално здравје, како на пример болен однос. Проблеми со навлажнување, сексуалниот нагон, или зачестен умор моќени се знак дека нешто сериозно се случува.

ovulation-calendar

 

5 . Размислете околу фолната киселина.

Иако не сите се сложуваат за придобивките од земање додатни мултивитамини секој ден, постојат јасни докази дека доволно количество на фолна киселина е важно за жена да може да забремени, бидејќи тоа помага да се спречат сериозни проблеми при раѓање. Меѓутоа, центрите за контрола и превенција од болести препорачуваат дека сите жени меѓу 15 и 45 години земаат фолна киселина секој ден дневно, бидејќи половина од бременостите се непланирани, а тоа е најважно во првите недели по зачнувањето. Потребното количество фолна киселина можете да го добиете преку храна, како спанаќ и одреден тип на житарици, или едноставно да земете витамин со 400-800 микрограми на ден.

6. Движете се. Барем 10 минути.

Кога премногу сте работеле, сте презафатени, преуморни – или можеби сите од горенаведените? – последното нешто што сакате да слушнете е дека треба да отидете во сала за фитнес. Но добрата вест е дека и малку движење е далеку подобро отколку воопшто да не се движите. Одете по скали, наместо со лифт. Прошетајте. Само 10 минути пешачење на ден може да помогне во зајакнувањето на срцето и целокупната кондиција.

 

7. Правете го она што го сакате 5 минути.

Доколку сакате физички активности како јога или фудбал, браво за вас! Но доколку не сакате, правете го (дури и нездраво нешто) што ве прави среќни. Бидете свесни за она што ве радува и размислете како тоа да го вметнете во вашиот живот, барем за 5 минути во текот на денот. Доктори и истражувачи наоѓаат се повеќе и повеќе докази дека здравјето и среќата се поврзани. Хроничен стрес, од друга страна пак, може да доведе до секакви психички и физички здравствени проблеми.

Woman-in-tub-w-coffee (1)

 

8 . Одморете се.

Доволен сон е од суштинско значење за доброто здравје и не постои замена за тоа. Но, дури и по ноќи поминати работејќи или смирувајќи го вашето расплакано бебе, дозволете си пауза во текот на следниот ден / тоа може да направи вистинска разлика во вашата целосна благосостојба, дури и без да ги затворите очите. Дадете си доволно време за одмор и за рефлексија на она што го доживувате во текот на денот. Еве еден предлог – кога одите во тоалет, не дозволувајте тоа да биде единственото нешто што ќе го направите. Поседете неколку секунди подолго да бидете сами. Искористите ја таа можност да размислите за она што се случува во вашиот живот и за тоа како се чувствувате.

 

9. Користете конец за заби!

Оралното здравје има импликации многу подалеку од устата. Тоа е поврзано со други болести, па затоа користењето на конец за чистење на забите е исклучително важно. Не само што  пародонталните болести се поврзани со срцеви заболувања, туку постојат одредени ризици за жените во текот на бременоста: Гингивитот може да биде фактор на ризик за предвремено породување, а бактериите може да предизвикаат имунолошки одговор кој предизвикува контракции и дилатација. Најдете забен конец што ви одговара, и секогаш носете го во вашата чанта. Навистина е потребно оваа навика да стане дел од вашата секојдневна рутина.

getty_rf_photo_of_closeup_of_woman_flossing_teeth

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement