Тенка е границата помеѓу желбата за одмор и мирување од една страна и серизноата мрза и одолговлекување од друга страна. Овие неколку практични совети ќе ви помогнат да се активирате.
Пронајдете мотивација
Најчест причинител за мрзеливоста е недостаток на мотивација, што е и логично. Без разлика дали станува збор за банални планови во текот на денот, како средување куќа, она што ви е потребно е волја. Најјака и најефикасна мотивација е поставување цел, а доколку вам може да ви помогне, поставете си некоја награда за изврешената задача. На пример, зацртајте си дека еден ден ќе ја средите кујната, а кога ќе го завршите тоа, земете саат време за себе – уживајте под топлиот туш, напијте се некој топол напиток или сок од цедено овошје, разгледувајте ги часописите, пуштете некоја лесна музика и уживајте.
Едно по едно
Грешката која многу луѓе од нас ја прават е кога во исто време се обидуваат да направат многу работи. Иако тоа на некои им оди од рака и штеди многу време, други не можат да се посветат на две или повеќе работи одеднаш, што како последица може да има да се чуствувате преоптеретено, па така одолговлекувањето ви изгледа како решение, па ја отварате вратата за мрзеливоста. Затоа е потребно да имате контрола на себе, односно сопствените задачи и цели.
Физичка активност
Никогаш не ја потценувајте физичката активност! Доколку сте мрзеливи, секако дека последната работа на памет ви е вежбање. Меѓутоа, неверојатно е колку позитивно влијае на вашиот организам а и расположението. Доволно се само 30 минути трчање или прошетка на свеж воздух. Натерајте се себеси, ставете слушалки, пуштите музика и тргнете на прошетка во најблискиот парк или шума. Важно е да сте во движење, па дури и тоа да е перење на алишта или прозори.
Поделете една поголема задача на повеќе мали
Чест изговор е комплексноста на задачите кои се пред нас и времето потребно за извршување. Тајната е во пристапот. Затоа поделете ја поголемата задача на повеќе мали, и започнете чекор по чекор. Се е во добрата организација.
Успешни луѓе како инспирација
Некои луѓе за подобра мотивација како пример за себе земаат некои успешни лучности, познати или од блиското окружување. Потсетете се на примери од луѓе кои некогаш се наоѓале на вашето место, но се избориле и стекнале одредена репутација. Овде не се работи за споредба со другите, него за едноставно пронаоѓање на инспирација низ туѓото искуство.
Мислите на последиците
Доколку не можете да пронајдете ни еден позитивен изговор да започнете, потсетете се на последиците од несработените задачи и мрзеливоста. Константно одложување на некои работи кои би требало да ги завршите, ви создава се поголем притисок во главата, без разлика дали станува збор за работа или нешто сосема друго. Помислите само колку добро ќе се осеќата кога нешто ќе завршите и ќе го тргнете од паметот.
Техника на визуелизација
На кратко, се што треба да направите е да создадете слика на она што треба да го направите, тоа ќе го потсети вашиот ум на акција. Замислете се себеси на крајот на целта, со сите бенефиции кои ќе ви ги донесе задачата, и тоа ќе ви помогне повеќе да мислите на својата иднина и да започнете со акција.
Поставете рокови
Никој не ги сака временските ограничувања, но понекогаш токму тие ви помагаат. Направете распоред и пробајте да се држите до него. Најтешко е да почнете, но кога еднаш ќе се активирате, потоа е се полесно.




You must be logged in to post a comment Login