Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

7 причини зошто треба редовно да вежбате

Редовното вежбање и практикувањето некаква физичка активност покрај тоа што е добро за здравјето, може да има позитивен ефект на неколку сегменти од животот. Прочитајте кои се седумте причини поради кои треба да спортувате.

Вежбањето ја контролира телесната тежина

Вежбањето може да ви помогне во намалувањето, а потоа и во одржувањето на телесната тежина. Во зависност од тоа колку е активноста поинтензивна, толку повеќе калории ќе согорувате. Ако не можете да вежбате во фитнес сала, трудете се да бидете активни преку денот – качувајте се по скали место со лифт и пешачете место да се возите во автомобил.

Го смалува ризикот од болести

Вежбањето може да ви помогне во намалувањето на нездравите триглицериди и високиот крвен притисок. Тоа заедно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Покрај тоа редовното вежбање може да помогне во превенцијата на повеќе здравствени проблеми како што е мозочниот удар, дијабетестот од тип 2, депресијата, одредени видови карцином и артритис.

Вежбањето го подобрува расположението

Често пати се случува по стресен работен ден да имате потреба да се издувате. Неколкуте серии во теретана, краткото 30 минутно шетање со брз чекор или џогирањето можат да ви помогнат. Физичката активност стимулира различни хемиски супстанции во мозокот кои можат да придонесат да се чувствувате посреќно и поотпуштено.

Ќе ви ја зголеми енергијата

Редовната физичка активност ќе ги засили мускулите и ќе ви ја зголеми издржливоста. Вежбањето помага во снабдувањето на ткивата со кислород и хранливи материјали, а тоа помага кардиоваскуларниот систем да функционира поефикасно. Со други зборови, кога срцето и белите дробови работат поефикасно имате повеќе енергија за соочување со секојдневните обврски.

Вежбањето ќе би го подобри сонот

Редовното спортување ќе ви помогне полесно да заспивате и да имате подлабок сон. Само немојте да вежбате пред легнување бидејќи тоа може да има спротивен ефект.

Ќе го подобри вашиот сексуален живот

Вежбањето помага во регенерирањето на телото, подобрувањето на изгледот и зголемувањето на самодовербата. Сите овие фактори можат да придонесат за подобар сексуален живот. Редовното вежбање може да ја зголеми желбата за секс кај жените, додека кај мажите има помала веројатност за еректилна дисфункција.

Вежбањето може да биде добра забава

Уживањето на отворено или пак вежбањето со друштво можат да бидат исклучително забавна активност што освен телото ќе ви го подобри и духот. физичката активност може да ви помогне да се зближите со пријателите или пак да создадете нови. Затоа тргнете на часови по танцување, почнете да пешачите или пак најдете друштво за мал фудбал. Пронајдете активност која ви одговара и во која уживате, а резултатите сигурно ќе бидат позитивни.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...