• Сподели на:

4 грешки кои ги правите кога сакате да ослабнете

___

Ако вежбате и живеете здраво, а тоа баш на вас и не ви се гледа, тогаш веројатно правите некоја од најчестите грешки. Погледнете кои се тие грешки и како да ги избегнете.

1. Престанете да подлегнувате на искушенија – Живееме во друштво кој живее на вашиот неуспех. Поради автоматите за слатки, пекарите и рестораните на секој ќош. Многу е тешко да се одолее на искушението. Многу е потешко да се отиде и да се седне во класичен ресторан каде можете да нарачате пилешка салата, отколку од автомобил да ја купите омилената брза храна. Покрај тоа, морате да се носите со притисоците од пријателите, колегите и семејството, особено ако сте на одмор или на некое семејно збиднување. Обично морате да се соочувате со досадните прашања за вашата диета, портади која ви доаѓа да се откажете од се.

Да не одолеете на искушенијата пред работа имајте обилен доручек, полн со добри маснотии и протеини. Така ќе можете да ги заобиколите оние вкусни крофни на работа.

2. Престанете да пиете суплементи (додатоци) – По списанието Форбс, индустријата на суплементи заработила 32 милијарди долари минатата година. Но лекарите предупредуваат дека суплементите всушност не прават ништо за подобрување на здравјето и општата здравствена состојба. Само мал број на суплементи се навистина делотворни: рибино масло, витамин Д и “whey” протеин кој е единствен кој се препорачува. Останатото е фрлање на при, бидејки би требало да надокнадите со исхрана, а не со таблети.

3. Не вежбајте цело време исто – Ако сте секојдневно во теретана и трчате на трака, ќе станете кардио хрчак. Кардиото има бројни погодности кога е во прашање здравјето, вклучувајки редукција на стресот и депресијата, како и продолжување на животниот век. Но тоа не значи дека треба да се прилепите на кардио справите и да се лишувате од разноразни фитнес рутини. Дигајте тегови барем два пати неделно, бидејки тренингот на отпор го покрева метаболизмот да согорува калории и до 36 часа по вежбањето. Ако мешате вежби и додадете на себе по некој ден пауза, вашето тело ќе има време да се одмори и побрзо да се обликува.

4. Немојте да бидете нестрпливи – Губењето килограми не се случува преку ноќ, туку во зависност од тоа како реагира вашето тело. Бидете трпеливи, бидејки од тоа зависи и вашиот успех. Најголемата грешка ја правите ако се демолирате со туѓи успешни приказни и бројни совети. Работете на себе и во свое темпо и се ќе дојде на свое место.


Оставете коментар

___