Стекни ги здравите навики додека си сѐ уште млада, веројатноста дека ќе се придржуваш кон нив во подоцнежните години е поголема. Затоа подготвивме 25совети што секоја жена треба да ги направи пред да наполни 30 години.
Избери тип на вежби во кои ќе уживаш
Вежбањето го подобрува твоето расположение и ти помага да ја одржуваш твојата фигура. Ти недостасуваат идеи што би можела да вежбаш, еве неколку идеи: џогирање, јога, пилатес, insanity, P90X и многу други. Одбери го типот кој највеќе ти одговара и почни да вежбаш!
Пиј повеќе вода
Ќе ти помогне да ја намалиш телесната тежина, да го подобриш расположението, а тенот на твојата кожа ќе добие уште поголем сјај.
Откажи ги цигарите
Пушењето сериозно ги зголемува шансите за добивање рак на белите дробови, а може да му наштети и на мозокот. Докажано е дека жените кои се откажале од цигарите пред да наполнат 30 години, во просек живеат 10 години подолго од оние кои се решаваат да ги откажат цигарите на 40 години.
Помалку седи, повеќе стои
Голем број на истражувања покажуваат дека колку повеќе време поминувате седејќи, толку е поголем ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и дебелина. Затоа, додадете повеќе движење во текот на денот, без разлика дали работите канцелариска или теренска работа.
Редовно користи контрацепција
Твое легитимно право е да не користиш контрацепција, но факт е дека мораш да бидеш подготвена за евентуална несакана бременост. Доколку се одлучиш да користите средства за контацепција, избери го она што најмногу ти одговара или консултирај се со твојот гинеколог.
Пиј умерено
Имаш навика да пиеш повеќе за родендени, празници, свадби, откако ќе раскинеш со дечкото… Ограничи ја количината на алкохол што ја внесуваш во текот на една недела. Бројот на пијачки да не биде повеќе од 3 на ден, и не повеќе од 7 во текот на целата недела. Секојдневното консумирање на алкохол прдизвикува намалување на енергијата, појава на чешање на кожата, лишаи или одредени видови на рак.
Биди здравствено осигурана
Здравственото осигурување имај го за секој случај, не знаеш што може да се случи: несереќен случај, несакана бременост или некоја болест. Осигурвањето може да ти покрие барем дел од трошоците.
Сакај го своето тело
Забележуваш, не ти кажуваме “потребно е да ја достигнештвојата идеална тежина”, твоето тело е твое и ти мораш да се чувствуваш убаво во својата кожа. Тоа е најважно. Затоа, научи да го цениш она што го имаш, тоа ќе те направи посреќна и поисполнета.
Во неделниот распоред најди време за пријателите
Не само што ќе ти помогне во намалувањето на стресот, што е од исклучително значење за твоето ментално и физичко здравје, средбата со пријателите може да резултира и со согорување на повеќе калории. Дури и кога си презафатена, најди време за другарките – твоето здравје ќе ти биде благодарно!
Научи неколку едноставни и здрави рецепти
Истражувањата покажуваат дека доколку уживаш во храната која ја консумираш, многу е полесно да си направиш правилен и здрав распоред на исхрана, без разлика дали сакаш да изгубиш некој килограм или да ја одржуваш својата фигура. Почни да готвиш!
Одбери си гинеколог на кој ќе му веруваш
Неодамна, новите истражувања укажуваат на фактот дека жените можат да бидат подобри доктори од мажите. Се разбира, ова не може да се генерализира, но можеме да кажеме: полот на вашиот гинеколог не игра голема улога се додека тебе ти е пријатно и не се срамиш од него. Бидејќи доколку му веруваш на докторот, ќе му ги дадеш сите потребни информации и ќе ги послушаш неговите совети.
Дознај сѐ за историјата на болеста во твојата фамилија
Можеби твојата мајка не сака да ти раскажува за борбата на нејзиниот татко со срцевите заболувања или здравствените ментални проблеми на нејзиниот чичко. Но, колку повеќе знаеш за историјата на болеста во вашата фамилија, ќе бидеш подобро подготвена, а и твојот доктор полесно ќе се справи со твоите прашања.
Медитирај
Постојат мигови кога сакаме да бидеме во природа. Медитацијата е корисна бидејќи најчесто се поврзува со намалување на страсот, зголемена интелегенција, како и други позитивни ефекти. Пробај да медитираш по неколку минути на ден.
Прави редовни здрвствени прегледи
Не е доволно само да го посетиштвојот гинеколог и општиот лекар, постои водич кој наведува кои прегледи на кој временски период се прават:
Секој месец прави самоконтрола на твоите гради и кожата.
Еднаш на 6 месеци посети го твојот стоматолог.
Еднаш годишно направи: ПАП тест, целосен физички преглед, ХИВ тест, тест за сексуално преносливи болести, како и проверка на очите.
Повеќе секс
Постојат 7 причини зошто е важно да имаш редовен оргазам:
- Спречува главоболка
- Ослободува хемиски окситоцин кој прави да се чувствувашподобро, а потоа ти дава наплив на ендорфин
- Делува како мултивитамин и го подобрува имунолошкиот систем
- Стимулира позитивни мисли и чувства
- Утринскиот секс го подобрува расположението
- Го регулира менструалниот цикслу
- Ќе изгледаш помлада
Имај безбеден секс
Да, поубавоти е и тебе доколку не користиш заштита, но сексуално пренсоливите болести може да и наштетат на твојата плодност или да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Доколку не си сигурна дека лицето со кое имаш секс нема некоја од сексуално пренсоливите болести, мораш да користиш презерватив. А доколку не си зборувала со партнерот кога последен пат направил тест, време е да го прашаш.
Консумирај витамини директно преку храната
Твојот лекар може да ти препорача разни мултивитамини или други додатоци во форма на таблети, но во принцип дневната доза на витамини и минари потребно е да ја внесуваш преку исхраната.
Грижи се за твоето ментално здравје
Твоето ментално здравје игра клучна улога во твојата среќа и целокупната благосостојба. Без разлика дали си под стрес или се чувствуваш дека те зафаќа блага депресија, доколку си имала некакви психолошки проблеми претходно, посети го твојот терапевт. Не ги игнорирај!
Избегнувај ги строгите диети
Експертите велат дека најздраво е да загубиш 0,5 до 1кг неделно. Здравиот начин на исхрана значи да се намали бројот на калории до 1200 на ден и да се вежба. Ригорозните диети те доведуваат до гладување, а тоа го успорува твојот метаболизам.
Ограничи го времето кое го поминуваш пред ТВ
Колку повеќе време поминуваш гледајќи телевизија, толку товето тело станува склоно на дебелеење. Плус, прекумерното гледање телевизија може негативно да влијае на твојата љубова врска. Ограничи го времето кое го поминуваш пред ТВ на минимум и искористи го остатокот од времето да бидеш активна.
Ослободи се од грижата на совест
Доколку имаш преголема потреба за благо не се воздржувај. Можеш и ти понекогаш да изедеш нешто слатко и покалорично.
Остани дома кога не се чувствуваш добро
Речиси 4 од 5 луѓе велат дека одат на работа додека се болни, иако знаат дека може да ги заразат колегите со кои работат. Избегнувај ја оваа навика, остани дома!
Поминувај повеќе време во природа
Жените кои поминуваат повеќе време во природа се посреќни, поздрави, дури и покреативни. Затоа, вози повеќе велосипед, помалку автомобил, наместо на пијачка, со другарките одете во парк или на Водно.
Помалку расправии со партнерот
Луѓето кои не ја уживаат поддршката од својот партнер имаат тенденција да доживеат повисоко ниво на коронарна артериска калцификација, или појачани артерии кои го ограничуваат протокот на крв до срцето. Иако понекогаш се чувствуваш дека си во право, но не вреди да се расправаш. Најди начин како побрзо да ја завршиш дискусијата.
Спиј 7-8 часа
Недоволното спиење те истоштува, но може да резултира со несакани здравствени проблеми. Затоа, потруди се да легнуваш секој ден во исто време.


























You must be logged in to post a comment Login