• Сподели на:

14 научно докажани совети за подобар сон

___

Се повеќе луѓе имаат проблеми со сонот. Среќа, постојат многу совети кои можат да ви помогнат во таа борба ако и вие припаѓате на таа група. Овде издвоивме 14 совети за вас.

bedroom_colors-1920x1200-660x330

1.       Поставете потсетник за одење во кревет

Ако стално останувате будни до касно и ако ви е скоро невозможно да се навикнете на рутината и да легнете кога треба, поставете си аларм кој ќе ве потстеи дека треба да одите во кревет.

2.       Спротиставете се на нагонот да го одложите алармот

Кога ќе го одложите алармот не добивате квалитете сон. Така само го пореметувата РЕМ периодот, поради што можете да бидете уште повеќе поспани. Подобро уште на почеток да го наместите алармот за тие пет минути одколку да го одложувате алармот.

3.       Не пијте алкохол пред спиење

Иако полесно ќе заспиете од алкохолот, нема да спиете убаво во текот на ноќта и ќе се будите почесто одколку што се будите.

4.       Спијте во чорапи

Ако ви се стапалата и рацете топли, побрзо ќе заспиете. Забрзајте го процесот со тоа што ќе облечете чорапи пред да си легнете.

5.       Спијте во темница

Дури и најслабата светлина – светлината да дигиталниот саат на пример може да ви смета. Ако не можете да ги изгасите сите светла, носите маска за спиење.

6.       Спијте во ладна просторија

Не е добро да спиете во премногу ладна ни премногу топла просторија. Идеална температура е од 15 до 20 степени.

7.       Избегнувајте го попладневното кафе

Кафето останува во организмот многу подолго отколку што мислите. Се препорачува да не се пие кафе после 16 часот.

8.       Вежбајте редовно

 Оние кои вежбаат редовно подобро спијат. Вежбањето не мора да одзема многу време. Само неколку минути физичка активност дневно прави разлика. Само немојте да вежбате и премногу доцна, може да постигнете обратен ефект.

9.       Избегнувајте тешка вечера

Вашето тело не ја вари храната додека спиете, па обилен оброк касно навечер може да ве држи будни цела ноќ. Протеините посебно тешко се варат, па ако баш мора да јадете избегнувајте ги.

10.   Нека креветот биде само за спиење и секс

Читањето во кревет опушта? Може, но и не мора. Книгата го буди вашето внимание и може да ви пречи повеќе одколку што ве опушта. Читајте само лесна литература пред спиење и немојте тоа да го правите во кревет, туку во фотеља или на троседот.

11.   Спијте во тивка просторија

Откуцувањето на саатот и зуењето на разни предмети може лесно да ви го поремети сонот. Држете ги сите уреди подалеку од вашата соба. Ако вашиот партнер рчи, набавите чепови за уши или пробајте да го решите проблемот на некој начин.

12.   Не ги пуштајте милениците во кревет

Без разлика колку ги сакате, не им дозволувајте да спијат со вас, бидејќи може многу да ви сметаат. Може да спијат немирно, а нивните влакна може да ве иритираат.

13.   Дремнувајте мудро

Попладневната дремка може да биде добра ако не влијае на ноќниот сон. Може да ја подобри концентрацијата. Но ограничете ја дремката на максимално 30 минути и немојте да го правите тоа многу доцна.

14.   Медитирајте

Јога, медитација па дури и молитва се добар начин за да го опуштите умот. Овие активности можат да ви помогнат да го успорите дишењето и ритамот на срцето.


Оставете коментар

___