• Сподели на:

14 најлоши работи кои постојано ги правите на вашето тело

___

Од тоа што носите криви обувки до маратонско гледање на омилените серии – сите лоши навики ќе си наплатат данок.

Спиете премалку или премногу/ наутро притискате snooze

Кога е спиењето во прашање, идеално е помеѓу 7-9 часови сон. Се помалку или повеќе води до хронична болест, вклучувајќи и срцеви болести, дијабетис и прекумерна тежина. Дополнителен стрес за телото е snooze копчето. Со одложување на станувањето од кревет само ќе бидете поуморни. Подобро алармот наместете го 15 минути подоцна.

Пиете повеќе од две алкохолни пијалоци дневно

Мажите кои пијат 3-4 алкохолни пијалоци дневно имаат поголем ризик од рак на устата, грлото и вратот. Исто така имаат двојно поголема шанса за цироза и висок крвен притисок.

Маратонско гледање на серии

Со гледање на повеќе од три епизоди одеднаш, откако веќе поминавте осум часа зад работната маса, го доведувате здравјте во прашање. Возрасните личности седат и по 11 часови дневно, и имаат 40 проценти поголем ризик од смрт во следните три години за разлика од оние кои седат неколку часа дневно

Не излегувате надвор

Недоволна сончева светлина може да доведе до недостаток на витамин Д, што лесно може да се случи во зимските месеци. Некои од симптомоте се умор, болки, депресија.

Пушите поради друштво

Дури и само привремените пушачи имаат поголем ризик од предвремена смрт. Луѓето не сфаќаат колку може да штети привременото пушење.

Премногу вежбате

Преинтензивно вежбање го исцрпува телото и го ослабнува имунолошкиот систем. Ако телото нема доволно време да се опорави, му правите повеќе штета отколку корист.

Јадете готови јадења

Повремените замрзнати јадења нема да ви штета, но внимавајте да не ви премине во навика. Готовите јадење се полни со сол и останати конзерванси. Типичните готови јадења имаат дури 30 проценти повеќе сол дневно од препорачаната количина

Носите криви обувки

Лошите обувки нема да ви штетат само на стапалата, туку и на целото тело. Паметно избирајте гии обувките, ако долго пешачите до работа, побарајте добар пар чевли за одење, а штиклите облечети ги дури кога ќе бидете на работа.

Не се протегнувате

Протегнувањето, особено како дел од вежбањето, може да спречи бројни повреди. Утринеското протегнување ќе ви го олесни движењето во текот на денот, ќе ја подобри циркулацијата и флексибилноста.

Не пиете доволно вода

Водата не хидрира, го олеснува транспортот на кислород низ телото, ги исфрла токсините и штетните материи, ги штити органите – и тоа се само дел од работите. Пијте осум чаши вода дневно подобро ќе се чувствувате физички и психички.

Не мачкате крема за сонце

Дури и кога е облачно, штетните знаци ќе ја оштетат кожата и ќе го зголемат ризикот од развој на рак на кожата.

Не користите кондоми

Дури и кога вашата нова девојка користи апчиња- користете кондом. Несаканата бременост не е единствен проблем. така ќе се заштитите од кламидија и гонореја, најчестите сексуално преносливи болести.

Пиете премногу кафе

Кафето има своја предност, но не претерувајте. Некои истражувања покажаа дека мажите кои пија повеќе од 28 кафиња неделно имаат 56 % поголем ризик за смрт од било која причина.

Носите стегачи во теретана

Ако имате повреда кој бара стегач на глуждот или коленото, тоа е во ред. Меѓутоа не ги носете на рацете постојано. Константно давање на надворешна потпора на мускулите ќе направи да ослабете.


Оставете коментар

___