Ако се пронајдете во поголем дел од индикаторите, црвената лампа за аларм веќе свети!
- На телефон не се јавувате со Здраво, туку со Што ви треба?
- Пред да ви посочат другите и сами сте забележале дека панталоните ви се претесни и дека сте се здебелиле 5 килограми.
- Останувате до 2 саат во канцеларија од страв дека чистачката ќе му каже на шефот дека рано си идете дома.
- Повеќе дупли експресо со шлаг и карамела ви е топ „вентил“.
- Додека другите колеги енергијата ја враќаат со чоколадо или енергетски пијалоци, вие сте на лекови за смирување.
- За последниот роденден, колегите и пријателите собрале пари и ви купиле мал преносен дефибрилатор.
- Место вашите зелени очи имате друга боја – црвена.
- Иако немате бебе, комплетно ги разбирате новопечените родители: „Само неколку часа сон? Будење нон стоп? Напад на плачење?…“
- Последен пат кога сте правеле пауза за ручек е кога вашата мајка ви пакувала сендвичи за на работа.
- Кога мора поради здравствени проблеми да отсуствувате од работа и им се јавувате на колегите на секој пола саат да проверите дали имаат се под контрола.

You must be logged in to post a comment Login