Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Второ издание на Health, Fitness & Wellness Expo

Време е за враќање во форма! Летото полека ни заминува, па со завршувањето на сите летни активности кои ни го одвлекуваа вниманието време е во фокус да се стави градењето на здрави животни навики. Затоа, со нетрпение го очекуваме викендот 23-25 септември!
HFW Expo – Единствениот настан каде ќе имаме прилика на едно место да се информираме за најквалитетните и најновите содржини поврзани со фитнесот, здравјето и здравата храна, негата и грижата за телото и духот. Само еден викенд секоја година, не ја пропуштајте единствената прилика да се информирате за СИТЕ најнови програми за вежбање, да дегустирате и припремате вкусна, здрава и органска храна, да испробате голем број на спортски и фитнес активности, но и разни третмани и масажи, да добиете совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа – максимално да се забавувате.

Programa HWF A4-2 Final Print

Денес, ексклузивно ги објавуваме сите (над 50) учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања. Можете да ги погледнете на овој линк.
Не пропуштајте да се приклучите на богатата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања. Програмата погледнете ја овде.

Programa HWF A4-2 Final Print

Здравиот животен стил не познава граници! Овој настан е создаден за сите, од најмладите до највозрасните посетители, без разлика дали професионалци или рекреативци и ентузијасти, буквално за секој кој се води по мотото “во здраво тело – здрав дух” и се грижи за своето здравје и благосостојба.
Супер новост и за сите родители – дојдете со вашите најмили бидејќи настанот ветува забава за целото семејство! На настанот ќе има и специјално осмислен Kids Corner, со интересни работилници со стручни и професионални тимови, кои ќе имаат за цел преку игра и забава да ги едуцираат дечињата за важноста на стекнувањето здрави навики од најрана возраст.
Ексклузивно само на отворањето на Health, Fitness & Wellness Expo (23.09.2016 во 17:30ч) ќе настапи трократниот првак во Slackline од Шпанија – Карлос Мерајо Гарсија. Slackline е веќе добро развиена дисциплина ширум светот, во која постојат натпревари и спортисти кои професионално се занимаваат со неа, а во чекор со светските трендови, кај нас за прв пат ни јас овозможува Sport Inn центарот, односноGibbon Slacklines Macedonia.
Ве покануваме сите на големото отворање на 23.09. во 17:30 во Хотел Александар Палас, да го проследиме заедно фантастичниот настап на Карлос.

Poster HFW B2 final

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...