Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Вежби за мрзливи

Сакате да вежбате, но тоа секогаш го правите од “утре”. Си ветувате себеси дека овој пат ќе истраете, дека ќе бидете упорни и ништо и никој нема да ве спречи во вашата намера за вежбање. Но, другот ден ветувањето паѓа во вода. Пак не сте вежбале! Ве спречиле обврските, тоа што немате време, тоа што ненајавено дошле гости.. И ќе најдете сигурно илјада други оправдувања, но во основата на сето тоа е изговорот наречен МРЗЛИВОСТ.

Како да се изборите против овој непријател број 1 за вежбањето? Така што за почеток, додека вежбањето не ви прерасне во навика, ќе одберете едноставни вежби: танц, скокање со јаже или боксување во воздух.

Боксување во воздух

Звучи необично, но не и невозможно. Пет минути на ден силно удирање во воздух ќе ви овозможи да ги зацврстите мускулите на рацете. Вежбата е лесна, а шансите да се повредите се минимални. Додека замавнувате обидете се брзо да се движите во место. Со оваа вежба освен што ќе согорите калории, ќе го минимизирате и стресот.

Скокање со јаже

Ова на прв поглед изгледа како вежба за девојчиња. Сепак ова е многу добра физичка активност со која се активираат сите мускули. Неколкукратно вежбање во текот на денот ја подобрува циркулацијата, ги топи маснотиите и ги согорува калориите.

Танцување

Ако не сте расположени за стомачни или други вежби, пуштете неколку брзи песни. Мрдајте со колковите, активирајте ги рацете и нозете. Освен што ќе се забавувате ќе ја подобрите и телесната кондиција и циркулацијата, а секако ќе ви се подобри расположението и тоа за кратко време.

Заедничко за сите овие вежби е тоа што може да ги правите секогаш кога сте слободни. Не бараат дополнителен ангажман или финансиски трошоци. А сепак после неколкунеделно – редовно вежбање ќе забележете дека имате подобрување на фигурата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement