Замислете вежба која нуди огромни кардио бенефити, ја помага работата на бројни мускулни групи и согорува многу калории. Тоа е бурпи (burpee).
Бурпи е супер вежба, можете да ја правите било каде, а не ви е потребна никаква опрема. Едноставни се, и неверојатно забавни.
Чекор 1: Застанете исправено, раширете ги нозете, потоа клекнете и ставете ги дланките на подот.
Чекор 2: Скокнете наназад, држете ги рацете исправени, така што вашето тело е право и симерично на подот.
Чекор 3: Повлечете ги нозете, вратете се во сквот позиција, а дланките поставете ги на подот во линија на вашето лице.
Чекор 4: Застанете и скокнете во воздух, рацете држете ги исправени кон таванот, а потоа застанете на нозе.
Направете најмалку 2 сета од 10 бурпис. Доколку успеете да направите 10 сета, тоа значи дека сте во одлична кондиција.

You must be logged in to post a comment Login