Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Совршенa фитнес програма за вашиот тип нa личноста

Дали постојат вежби кои ќе ви помогнат да го зголемите мускулниот тонус, а со тоа да уживате? Тајната е во усогласувањето на видот на тренингот со типот на вашата личност

Ние би сакале да можеме да ви дадеме едноставен рецепт за добивање и зачувување на витката фигура, но за жал, такво нешто не постои. Сепак, пред да одите во блиската теретана за да извадите уште една членска карта , која како и минатата година, е едвај употребена , размислете … и верувајте ни, постојат проверени и ефикасни начини за да започнете вежбање, во кое навистина ќе уживате.

” Изборот на типот на вежбата која одговара на вашиот психолошки профил значи дека веројатно ќе уживате додека тренирате. Со самото тоа, ќе бидете мотивирани и дисциплинирани. Вие нема да се откажете од  вежбањето по првите неколку недели “, вели Крис Волтон , психолог и автор на книгата” Врвот на ефикасноста во 60 секунди. “.

1. За корпоративците

Лицата кои се навикнати на постојано висок притисок од нивната работна средина – ова е за вас, ако сте амбициозни, многу напнати и навлечени на својата работа – добро се адаптираат на off-road трчањето, џогирање во природа која ја стимулира работата на сите пет сетила. Одењето во природа и разновидноста на неутабани патеки го предизвикува мозокот, слично на притисокот која го стимулира додека сте на работа. Со цел да останете на нозе, на нерамни површини  кои постојано се менуваат, ќе бидете принудени да донесувате одлуки во дел од секундата, исто како во канцеларијата. Нерамнините и различните терени придонесуваат за трошење на повеќе калории, додека природната светлина влијае на зголемување на производството на витамин Д, а тоа ќе го подобри вашето расположение и позитивно ќе влијае врз вашата самодоверба. Исто така, за разлика од вообичаените трчање по стазата ​​, прескокнувањето на пречки во природата и и трчањето нагоре-надоле ви нуди динамична вежба која согорува повеќе калории во пократок временски период , а го прави вашиот метаболизам  да троши калории и 48 часа по завршувањето на вежбањето. Истражувањата од 1996 покажаа дека тренингот кој вклучува кратки, брзи и напорни вежби со наизменични периоди на одмор е најдобар начин да го принудите вашиот метаболизам да ги горите калориите дури и кога телото е во одмор. Обидете се да одите пет минути, а потоа трчајте 30 секунди, а тоа повторете го шест пати. Со подобрувањето на кондицијата, го намалувате времето кое го минувате во одење, а го зголемувате периодот на трчање додека не се достигне нивото кога ќе одите една минута. Ова треба да се работи најмалку 2-3 пати неделно и на тоа да го додадете кардио тренингот и вежбите за издржливост.

 devojka-vezba-1 23.03

 2. За перфекционистите

Чувствувате вина кога не вежбате, а потоа со напорно вежбате подалеку кога ќе одите на фитнес , опсесивно броејќи го поновувањата и тежината на теговите. Дали ова ви звучи познато? Луѓето како тебе имаат пракса понекогаш го критикуваат своето тело, напрегајќе го  до нивото на издржливост, кое често дури и не е здраво. Се препорачува програма за вежбање која ќе се фокусира на она како се чувствувате, наместо како вашето тело изгледа. За да го направите ова, пробајте вежби со медитација , холистичка комбинација на методи од класични вежби во теретана , кој ви овозможува да се концентрирате на енергијата на точките на телото – а тоа се вежби за мускулите, треба да се обрне внимание  на групи кои одговараат на делови од телото каде што постои одредена чакра. На пример , замислете чакра под папокот (кој е поврзан со емоционалните врски), додека , на пример, правите стомачни . Или замислете ја срцевата чакра (што значи сочувство) за време на вежбите за градите. Вежбајте со затворени очи, за да немате надворешни стимуланси кои би ве мотивирале да ги анализирате мислите. Ако физичка активност ја практикувте преку методите  на медитација многу полесно ќе се ослободите од стресот во секојдневниот живот. Резултатот е издолжени , тенки мускули и избалансиран начин на размислување. Изреката: ” Тоа што мислите дека сте ” е вистинита – тоа е затоа мантрата е толку важна во јогата. Докажано е дека кога луѓето велат дека трошат одредена сума на калории тие, а всушност трошат повеќе. Додека вежбате, постојано потсетувајте се зошто го правите тоа и која ви е крајната цел .

 plivanje-5 24.03

3. За емотивците

Ако ви се допаѓа идејата за вежбање , но ви недостасува цврстина и волја, да се задржи повеќе од една недела или еден месец, најдобариот избор е- да се танцува! Класичната салса или танго, било каков вид на танц што ги синхронизира левата и десната страна на телото , е одлично за емоционалните личности, оние кои донесуваат одлуки врз основа на емоциите, отколку на логиката. Поттикнувајќи ја координацијата на телото и мозокот, се создава ментална рамнотежа , поради што тој ќе биде помалку веројатно дека се расудува врз основа на емоционалните импулси. Од танцувањето  срцето ќе чука побрзо, а кислородот ќе проструи низ телото, кое секоја недела ќе се добива се подобр изглед . Ако сте доволно упорни и доследни , ова активност ќе прерасне во ваше хоби, без кое нема можете да напредувате брзо и лесно, а бара целосна посветеност . По некое време , треба да вклучите вежби за затегнување и обликување на стомакот , која ќе ви ја издолжи фигурата. Една од најефикасните вежби се склековите. Можете да работите класични вежби, со телото поставено на страна , лактите на подот, со рацете испружени… Секојдневната мобилност е исто така од голема важност. Вежбањето секој ден носи подобри резултати отколку долгорочно вежбање два или три пати неделно. А брзиот тренинг  треба да вклучува вежби за долниот и горниот дел од телото , која вклучува чекори, склекови и дополнителни вежби за стомачните мускули. Користете визуелен потсетник за постојано да се фокусирате на целта – потрошете две минути на ден во визуелизација на успехот и ставете потсетник во вашиот телефон или  на видливо место. Секој пат кога вашето око ќе го примети, да ве потсети на целите што сакате да ги постигнете . Размислувајте за предизвиците во деновите кога вашата мотивација е ниска, кога е студено надвор или врне. Мислете на тоа како ќе се спротивставите на овие предизвици и како ќе се чувствувате многу подобро после тренингот .

 tango-4_24.03

4. За оние кои се под стрес

Вежбите со цел стимулирање на работата на кардиоваскуларниот систем и продолжување на мускулите влијаат на ослободувањето од стресот, а ритмичката природа на пливање, е докажано – го прави истото. Целосното исклучување на надворешниот свет, кога вашето лице е целосно потопено во вода, го смирува и го прочистува умот. Но мора да ја усовршите својата техника, за  навистина се имате корист од пливањето. Тренирањето со пловки на стиропор, не е само за училиште – и професионалните пливачи тоа го прават. Препорачливо е да се плива во должината од базенот со пловки меѓу вашите нозе да ги зајакнете рацете, а потоа обратно – нека нозете ја завршат работата . Различната брзина- еднаш бавна и еднаш брза наизменично е силна кардио- вежба, а паузата на крајот од секоја должина е за кукавиците. Релаксирајте се додека со својата сила пливате по работ на базенот, па можете да изгорите до 400 калории на час. Ако не ви се допаѓа пливањето, изберете пилатес, но комбинирајте  го тоа со кардио вежби, кој интензитет ќе го менувате во текот на неделата. Првиот тренингот е со низок интензитет , а траењето е  45 до 60 минути ,а  следните треба да бидат со висок интензитет – а фокусот е во брзината , отколку на отпорот во вежбањето и доволно е да трае 25-30 минути , а во последната ќе се комбинираат фитнес вежби со низок и висок интензитет. Јадете јаглехидрати после тренингот – во минути и часови по спортски активности на ткива, затоа што тогаш мускулите и црниот дроб многу подобро се ги користат нив за да ја компензираат загубата на енергија со вежбањето .

 fitnes-u-prirodi-2 23.03

5. За депресивните

Имајќи го во предвид фактот дека секој осми човек страда од  депресија предизвикана од годишните времиња и нивните смени , со комбинацијата на Хата јога вежби, телото го ослободува стресот и се добиваат најдобри резултати. Научно е докажано дека дава најдобри резултати во третманот на депресија – еден вид на фототерапија, во која со наменска изложеност на вештачка светлина – да седиме , работиме, до уред кој се нарекува светлинска кутија. Овој уред емитува зраци, кои ја имитираат природната светлина. Се верува дека оваа терапија влијае на хемискиот состав на мозокот кој е одговорен на нашето расположение, и ако го правиме тоа со некои јога вежби, резултатот е загарантиран. Користењето на пози и дишењето на Хата јога, со фототерапија го регенерира целото тело, а телото не го казнуваат исцрпувачки напорна работа. За време на вежбата може да потрошите до 400 калории, се издолжуваат мускулите и ја подобруваат флексибилноста на телото. Ако страдате од зимски масти на стомакот  и колковите , можете да вежбате дополнително, пилатес двапати неделно. Експериментирајте додека не ја најдете вежбата која најмногу буди создавање на ендорфини и природен проток на енергија, која е резултат на зголеменото лачење на ендорфин. Се верува дека ендорфинитр имаат позитивно влијание врз имунолошкиот систем, ублажувањето на болката , намалувањето на стресот и го забавуваат процесот на стареење – некои се до 500 пати помоќни од лековите против болки .

 joga-3 23.03

6. За оние без инспирација

Њујоршките љубители на фитнесот, го посетуваат студиото со Lit he Method, во кој се практикуваат најефективниот елементи на различни програми : Пилатес, Јога и вежби кои ги работат навивачките во средните училишта – оваа комбинација ќе ви овозможи ефективен тренинг , за многу кратко! Замислете дека висите од таванот од кои сте обезбедени со гумени ленти , удирате со тупаници во вреќа со тегови, со тегови на зглобовите плус за да се постигне срцето забрзано да чука. Тоа е тренингот што ги гори мастите, а добивате одлична фигура, и на тој начин ја задржувате природната линија на телото. Можете да изберете курсеви , наречени Skinny Jeans или A-ABS, така да никогаш да не се досадувате. Овој метод се уште не е заживеан во Европа, но се надеваме дека, наскоро ќе дојде  од преку океанот кај нас. Во меѓувреме, се обидете се со комбинирана програма со пилатес топка и јога, за добиете силен отпор, на вкупниот отпор на телото. Ова ќе ви помогне да потрошите до 500 калории на час.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement