• Сподели на:

Со овие вежби, вашето тело ќе биде совршено!

___

Подготвени ли сте за плажа? Ако сеуште се борите со уште некои залутани наслаги на вашето тело, еве неколку предлози за вежби кои ќе ви помогнат да заблескате на плажа.

1.     Движете се

Неколку недели пред да заминете на одмор станете подвижни! Целта нека ви биде да се движите што повеќе. Запишете се на курс по зумба, пилатес, јога или возете ролери.

2.     Склекови

Зошто би трошеле време да вежбате за дел по дел мускули? Склековите се вечна класика кога е во прашање оформување на телото, а ја комбинираат работата на неколку мускули: бицепс, трицепс, делтоиди, пекторалис, стомачни мускули. На почеток правете женски склекови – потпирајте се со колената на подот, а со тек на време, кога ќе ви се зајакнат мускулите, можете да преминете на машки склекови.

3.     Јаже за скокање

Јажето за скокање овозможува тренинг на сите мускули: ги зајакнува нозете, го зацврстува задникот, а рацете и рамениците стануваат како од мермер. Добро загрејте се пред вежбите, а потоа истегнете се. Посебно внимание посветете на раздвижување на колениците и лактовите, за да избегнете повреди. Оваа вежба ќе ви го забрза срцето, а ако пуштите мотивирачка музика, полесно ќе го преживеете тренингот.

4.     Со преголеми чекори до манекенски нозе

Застанете во исправена положба, ставете ги рацете на колковите и зачекорете со голем чекор напред со десната нога. Левата приближете ја до десната и направете го следниот силен чекор, овој пат со левата нога. Продолжете со уште десет преголеми чекори.

5.     Ништо без клекнување

Ако сакате витки нозе без целулит и цврста задница, ништо нема да постигнете без клекнување. Почнете со она што се изведува по ѕид, а со тек на време преминете на класично клекнување. Кога доволно ќе ги зајакнете нозете, од положба на клечење скокнете во воздух колку што можете и повторно “слетајте“ во истата положба.

6.     Вежби за рамен стомак

Ако треба да ги отстраните масните наслаги, стомачните вежби се губење време. Почнете со интервален тренинг- кратки моменти на вежбање со јак интензитет – кои ќе предизвикаат создавање на адреналин, хормонот кој го поттикнува телото на согорување на складираните маснотии. “Комбинацијата на ова со силен тренинг е најефективниот начин за справување со масните наслаги на стомакот“, објаснува Марко Борхес, личниот тренер на Шакира и Бијонси.

Запомнете: Тешко ќе постигнете резултати доколку се храните нездраво. Намалете го внесувањето на калории и зголемете го нивното трошење. Брзо ќе видите дека трудот навистина се исплати. Обрнете внимание на протеините и растителните влакна, кои можат да го успорат метаболизмот. На тој начин подолго ќе се чувствувате сити и ќе немате желба за нова храна.


Оставете коментар

___