• Сподели на:

Слушајте музика додека вежбате!

___

Фактот дека слушањето музика додека вежбате го подобрува тренингот и не е некоја новост. Но тоа дека вашите омилени песни го подобруваат тренингот е помалку очигледно. Истражувањата покажуваат дека слушањето музика ви го одвлекува вниманието и полесно го совладувате напорот.
Еве неколу причини зошто треба да слушате музика вежбајќи:
Затоа што е одличен тип на забава.
Музиката ви го одвлекува вниманието и полесно го совладувате напорот дури до 15%. Колку е побрз ритамот на музиката, тоа е подобро за вас. Мозокот полесно ги процесуриа веселите песни, вие се концентрирате повеќе на музиката, помалку на напорот.
Го стимулира напорот.
Една студија од 2010 година покажала дека велосипедистите возат побрзо доколку слушаат побрза музика. Но, ни премногу брзо не се препорачува. Песните помеѓу 120 и 140 битови во минута имаат најдобар ефект кај оние кои вежбаат.
1
Вие сте “во елемент”
Сите ние имаме песни кои ни будат добри споемни. Слушањето на тие мелодии за време на вежбање претставува мотив плус додека вежаме и ја подобрува физичката кондиција.
Добриот ритам секогаш мотивира  
Брзиот ритам ги стимулира моторните сетила на вашиот мозок, на тој начин ги помага интензивните вежби како кревање тегови или џогирање. Аудио сигналите ви помагаат да ја користите енергијата поефикасно и да го задржите истото темпо за време на вежбањето.
3
Музиката го подобрува расположението.
Слушањето музика ви помага да се фокусирате и да размислувате за себе или да побегнете од мислите кои ве оптеретуваат. Без разлика на тоа што ви се има случено еден час претходно, ставете ги слушалките на уво и одете на тренинг. Ќе ја истерате сета негативна енергија и ќе се чувствувате одлично.
Музиката ја стимулира желбата “да се движите”.
Едноставно не можете да му се спротивставите на ритмот! Истражувачите откриле дека ритамот на музиката го стимулира движењето кај слушателот. Направете си ја вашата омилена плејлиста и тренингот ќе ви биде песна.

Оставете коментар

___