Позната ви е оваа реченица? Не сте единствени. И тоа не е единствената лага што си ја кажувате кога сакате да ослабете барем некој килограм.
Одржувањето на саканата тежина или слабеењето е голем проблем за многумина. Понекогаш кога се работи само за килограм-два, тоа не е е причина за поголема грижа. Но кога незабележливо ќе накачите 5 и повеќе килограми, тогаш веќе ви е јасно дека мора да го решите проблемот. Си ветувате и себеси и гласно пред другите дека наскоро ќе имате манекенско тело.
Еве кои лаги најчесто си ги кажувате:
1. Од утре ќе пешачам редовно :
Ако треба и на врв од планина ќе се искачам, но ќе ослабам! А знаете дека тоа е само фраза, дека мрзливоста ќе ве фати веќе другиот ден. Тешко е качувањето по планина!
2. Ќе пијам само вода цел месец:
А, па кафето е дозволено. О, па можете и по некоја чаша сок повремено, во среда, четврток и сабота на пример.
3. Нема повеќе леб
Ни под разно! Но кога некој ќе ве почести со вкусни кифлички, заборавате што сте ветиле! Па добро, кифлата не е леб?! Иако има ист ефект на тежината.
4. Ќе го наместам алармот порано, и дефинитивно од сабајле ќе почнам да вежбам
Кон ова ќе се придржувате максимум два до три дена, потоа си се враќате на старото време на будење. Послатка е перницата од вежбањето.
5. Вечерва ќе го прескокнам happy hour
Да, баш така. Поверојатно е дека ќе ви треба нешто благо за да ве смири, зошто сте имале лош ден.
6. Нема да јадам после 8 навечер
Аха, само се поставува прашањето како ќе издржите без вашите грицки, особено кога ќе ги гледате вашите омилени ?
Или сепак ќе почнете да вежбате и да ги спроведувате овие ветувања од утре?

You must be logged in to post a comment Login