Користете ја оваа едноставна рутина од три вежби за да го согорите масното ткиво од стомакот брзо и ефикасно.
Еве што да се прави: рутината вежбајте ја три дена во неделата, еден ден одмор помеѓу секоја сесија.
Правете ги вежбите како наизменично коло, вежбајќи по еден сет од секоја вежба во ред, и одмор од 30 секунди помеѓу секоја вежба.
Значи, ќе ја направите вежба 1 еднаш, ќе се одморите 30 секунди па ќе продолжите и ќе ја направите вежба 2 еднаш, ќе се одморите 30 секунди и ќе ја правите вежба 3. Откога ќе ја направите цела рутина одморете се 30 секунди и почнете одново. Целата рутина ја правите 2-3 пати.
Вежба 1

* Од 6-8 повторувања
Сега повлечете го тегчето во вашата десна рака странично од вашето тело со подигање на надлактицата, свиткајте го вашиот лакт и стегнете ја вашата плешка кон вашиот ‘рбет.
Како што го спуштате тоа тегче во исто време почнувате да ја виткате левата рака. Тоа е едно повторување.

* Од 10-12 повторувања
Земете еден потежок тег и држете го на краевите по должината на рацете пред вашата половина.
Раширете ги нозете скоро два пати од ширината на рамењата.
Спуштете го телото најдолу колку што можете а колковите буткате ги наназад преку виткање на колената.
Одржувајте го телото колку што е можно поисправено за време на вежбата, а долниот дел на грбот природно заоблен.

Заземете позиција за правење склекови со рацете исправени и вашето тело во права линија од вашата глава до глуждовите.
Без промена на држењето на долниот дел на грбот (треба да биде заоблен), подигнете го десното колено кон градите.

You must be logged in to post a comment Login