• Сподели на:

Домашен тренинг: 5 вежби за обликување на задникот и нозете

___

Сè попопуларни се вежбите за одржување на телото, кои ви го олеснуваат секојдневното движење.

Без разлика дали правите само обични дневни активности или пак сериозно се занимавате со некој спорт, со помош на 5 вежби може за брзо време да успеете да ги обликувате нозете и задникот.

Овие вежби може да ги практикувате и во домашни услови:

1. Застанете на стапалата со целата своја тежина, а потоа подигнете ја левата нога наназад, при што телото ќе го поместите нанапред сè додека не постигнете хоризонтална рамнотежа. Останете во таа положба 5 секунди, а потоа сменете ја ногата и повторете ја целата постапка.


2.
Вежбата со столица е совршена за почетници. Седнете на столицата, а рацете рамномерно испружете ги пред себе. Стапалата нека ви бидат во ширина на колковите. Почнете да се подигнувате лесно од столицата, така што целата тежина ја префрлате на задникот и нозете, па застанете. Останете во таа положба 5 секунди, па вратете се назад и повторете ја вежбата 5 до 10 пати.


3.
Повторно ви е потребна столица за која ќе се држите. Застанете со целата тежина на стапалата во исправена положба и фатете се за наслонот на столицата. Потоа кренете ја левата нога наназад и задржете ја 5 секунди. Целата постапка повторете ја и со другата нога.


4.
Од положба на стоење полека спуштајте се во половично чучнување, задржете се 5 секунди и потоа со цело тело отскокнете во вис, па повторете го чекорот. Вежбата може да ја направите 5 до 10 пати.


5.
Легнете со нозете свиткани кај колената, а рацете ставете ги испружени покрај телото. Почнете полека да се подигнувате за да направите половичен мост. Вежбата може да ја повторите 5 до 10 пати.


Оставете коментар

___