Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Цврст и подигнат задник: Потребни се само три минути на ден за три вежби!

Овие три едноставни вежби за согорување на мастите и обликување на мускулите ќе ви одземат само три минутина ден, а со помош на нив ќе можете брзо да го затегнете вашиот задник.

За ова минимално вежбање едноставно немате изговор – потребно е да издвоите само 3 минути на ден и малку простор во дневната соба, а вежбите за убаво обликуван задник можете да ги направите додека ја гледате вашата омилена ТВ серија.

Прва вежба – 1 минута

Застанете пред задниот дел од столчето, со едната или девете раце потпрени на задниот дел од столот. Пренесете ја тежината на телото на левото стапало, вдишете и со издишување исправете ја десната нога зад себе што повеќе можете без да го свиткате грбот. Задржете ја во таа положба една до две секунди. Вдишете и симнете ја ногата. Повторете ја вежбата по 30 секунди за двете страни.

Втора вежба – 1 минута

Ставете ја левата рака на стол како поддршка. Нозете треба да ви бидат еднакви на колковите. Пренесете ја тежината на телото на левото стапало. Со издишување подигнете ја десната нога високо колку што можете на десна страна. Задржете секунда, две. Повторувајте ја вежбата по 30 секунди за секоја страна.

Трета вежба – 1 минута

Најобична вежба чучњеви, одлични за обликување на мускулите на задникот. Важно е само правилно да ги изведете. Стапалата се во ширина на рамената. Полека симнувајте го задникот како да сакате да седнете, колку можете, а да не ги подигнете нозете од подот. Исто така, колената не смејат да ја преминат линијата на пратите на нозете. Грбот исправен, а погледот напред.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement