• Сподели на:

Бидете фит: Согорете 400 калории за само половина час

___

Сега не можете да се правдате дека немате време да одите во теретана или на аеробик! Со овој тренинг убаво ќе се испотите и изморите, и тоа пред телевизорот дома! Вежбите се така осмислени што ги опфаќаат сите важни групи на мускули, така што за само половина час добивате целосен кардио тренинг. И трошите околу 400 калории!

ардио вежбите овозможуваат губење на масните наслаги бидејќи со нив се согоруваат голем број на калории. Какви кардио вежби ќе избереме зависи од нашите склоности и желби – од трчање во природа, преку возење велосипед до пливање. Сепак, многумина ќе се определат за вежбање во удобноста и приватноста на својот дом. Се што ви е потребно за вежбање дома е малку простор во кој ќе можете целосно да се испружите.

Она на што треба да обрнете внимание е дека треба да правите динамични промени на вежбите за да го одржите пулсот висок. Така влегувате во таканаречената кардио зона каде се забрзува метаболизмот и доаѓа до забрзано трошење на калории. Ако сте задишани, пулсот ви е висок и се потите – тогаш сигурно сте ја постигнале својата оптимална точка и сте влегле во зоната на топење на салото.

Кардио тренингот кој овозможува губење на околу 400 калории за половина час е даден во видеото подолу:


Оставете коментар

___