• Сподели на:

5 вежби за цврсто и фит тело од глава до пети

___

Сакате да направите нешто убаво за себе? Започнете да вежбате. Активирајте го вашето тело не само за да изгледате подобро, туку и за да се чувствувате исполнето, самоуверено и да си ги зголемите флексибилноста, енергијата и виталноста.

Вежбањето не треба да ви биде измачување. Физичката активност треба да е доволно разнообразна за да ве мотивира и предизвикува, а истовремено и да ви нуди забава. Следните неколку вежби вметнете ги во деновите кога одмарате од часовите по аеробик или зумба, или пак, со нив започнете да си градите ваша фитнес програма. Тие ќе ви овозможат за кратко време да си го зацврстите телото од глава до пети.

Вежба за цврсто и фит тело

Клекнете на подот и потпрете се на рацете (кучешка поза), така што дланките да ви се позиционирани под рамената, а колената под колковите. Внимателно испружете ја левата рака напред, додека во исто време ја исправувате и подигате десната нога (положба А на сликата). Останете во таа положба 5 секунди, потоа спуштете ги на подот и направете го истото со десната рака и левата нога. Повторете ја оваа вежба 8 пати.

На крајот, застанете во положба како за склекови, но рацете да ви бидат исправени (положба B на сликата). Стегнете ги стомачните мускули и зачувајте го телото во права линија 20-30 секунди.

Вежба за цврсто и фит тело

Застанете со грбот и главата потпрени на ѕид и стапалата поставете ги околу половина метар понапред (положба А на сликата). Започнете да се спуштате надолу додека колената не оформат агол од 90° (положба B на сликата). Не дозволувајте колковите да ви бидат пониско од колената. Повторно исправете се.

Направете 20 повторувања.

Легнете на подот и свиткајте ги колената, а рацете држете ги покрај телото така што дланките да ви бидат насочени кон подот. Подигнете ја главата и вратот како да правите стомачни вежби и рацете испружете ги паралелно на подот (положба А на сликата). Започнете да правите кратки движења со рацете нагоре-надолу, а во истиот ритам направете 5 кратки издишувања. Свртете ги дланките нагоре и додека правите движење нагоре-надолу, во истиот ритам направете 5 кратки издишувања. Повторете 6 пати.

Ако се чувствувате физички поподготвени, повторете ја истата вежба, но нозете држете подигнати дијагонално под агол од 45° (положба В на сликата).

Вежба за цврсто и фит тело

Застанете на растојание од еден метар од маса. Наведнете се нанапред и потпрете се со рацете на масата. Телото треба да ви оформува права линија, а дланките да ви бидат под рамената (положба А на сликата). Направете 5-10 склека, во зависност од физичката подготвеност.

Потешката варијанта е да ги правите склековите на подот (положба В на сликата).

Вежба за цврсто и фит тело

Легнете на подот со лицето надолу. Држете ги рацете исправени и подигнете ги околу 30 сантиметри (положба А на сликата). Движете ги нагоре-надолу како да пливате, околу 30 секунди, а потоа спуштете ги на подот. Повторете уште 4 пати.

Потоа, вклучете ги во вежбата и нозете (положба В на сликата). Движете ги рацете и нозете заедно уште 30 секунди.


Оставете коментар

___