Совршените и цврсти гради без “пуш ап” градници се сонот на секоја жена. Освен природата, која ни подарила различни величини, тајната за совршено деколте се крие во овие три вежби за кои ви требаат само два тега, клупа и добра волја.
Вежба 1
Легнете на клупата со раширени нозе. Во секоја рака земете по еден тег, кренете ги рацете во висина на рамениците, раширете ги лактовите и свиткајте ги рацете под агол од 90 степени спуштајќи ги лактовите до градите. Со издишување, кренете ги теговите над главата, пoтоа вратете се во почетната позиција. Вежбата правете ја во три серии од 10 до 15 повторувања.

Вежба 2
Клекнете на колена, наведнете се нанапред и со прави раменици потпрете се на дланките. Гледајте пред себе, па полека спуштајте се во склек, така што лактовите ќе ви бидат одделени од телото. Нозете нека ви останат свиткани. Вежбата повторете ја во три серии од 10 повторувања.

Вежба 3
Легнете на клупа, на грб, со раширени нозе. Во секоја рака земете по еден тег, дигнете ги рацете над градите со свиткани лакти, така што дланките ќе ви бидат свртени една наспрема друга. Полека почнете да ги ширите рацете спуштајќи ги се додека не бидат во висина на градите, а лактовите нека ви бидат малку свиткани, односно под ист агол како и почетната позиција. Вратете се во првобитната позиција, а вежбата повторете ја во три серии од по 10 до 15 повторувања.


You must be logged in to post a comment Login