Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

3 едноставни вежби за тенок и секси струк

Постојано се споредувате со други девојки и си велите дека не изгледате убаво. Можеби е крајно време е да направите нешто во врска со тоа и да добиете тело и струк за кое од секогаш сте сакале да имате.

Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат во таа цел.

Вежба 1

Застанете исправено. Раширете ги стапалата во должина на рамената. Со десната рака обидувајте се да го дофатите подот, а со левата таванот. Останете во таа позиција неколку секунди и променете ја страната. Повторете ја вежбата 10 пати.

Вежба 2

Останете во истата позиција. Дигнете ги рацете над главата колку што можете. Свиткајте ги зглобовите се додека дланките не станат паралелни со таванот. Во таа позиција, истегнете се најмногу што можете, но држете ги нозете цврсто на земјата. Повторете ја оваа вежба 10 пати.

Вежба 3

Седнете на подот. Прекрстете ги нозете. Потпрете се на левата рака, а лакотот подвиткајте го. Десната рака кренете ја над главата и тегнете се на левата страна се додека не почувствувате затегнување на десната страна од струкот. Останете во таа позиција неколку секунди. Направете ја истата вежба за левата страна. Повторете ја вежбата 6 пати.

За видливи резултати повторувајте ги вежбите секој ден, еден месец.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement