Водата со лимон е богата со калциум и витамин Ц, кои помагаат за:
Подобрување на работата на имунолошкиот систем: лимонот содржи високо количество на витамин Ц што помага за борба против настинки. Исто така, лимонот содржи калиум кој ги стимулира мозокот и нервните функции и помага за контролирање на крвниот притисок.
Ги балансира pH вредностите во организмот: водата со лимон помага за намалување на вкупното количество киселини во телото. Иако лимонот содржи киселина, таа не го зголемува количеството на киселини во организмот.
Помага за намалување на килограми: ломонот е богат со пектински влакна кои ја ублажуваат гладта во желудникот. Редовното пиење вода со лимон помага за намалување на килограми.
Лимонот е диуретик: му помага на телото полесно да ги отстрани отровите преку зачестено мокрење. Освен тоа помага за одржување на уринарниот тракт здрав.
Ја чисти кожата: витаминот Ц помага за намалување на брчките и флеките на лицето. Чистејќи ја кожата од штетните материи лимонот помага таа да изгледа здраво, сјајно и младо.
Ги намалува респираторните проблеми: топлата вода со лимон помага за лечење на инфекции на градите, го спречува кашлањето, а се препорачува и за лица со асма и алергии.
Совети:
- Во чаша од 250 милилитри се става 1/8 од лимонот.
- Најдобро е да конзумирате топла вода со лимон.

You must be logged in to post a comment Login