Фризурите кои ќе бидат модерни овие есен и зима се едноставни но впечатливи. Тие говорат за вашиoт карактер и став.
Лабава плетенка
Стегнатите плетенки одамна не се ин. Затоа правете плетенки кои изгледаат како да не сте посветиле доволно внимание додека сте ги правеле. Нека бидат лабави и лежерни. Плус, за нив не треба да сте експерт за да ги направите.

Опуштена French плетенка
Класичната French плетенка доби нова смисла. Олабавете го секој прамен и ќе добиете романтична женствена фризура.

Лажен undercut
Undercut начинот на шишање беше многу популарен пред неколку години. Сега е во тренд да “глумите“ дека го имате. Тоа се прави така што во делот на областа кај лицето кон зоната на ушите ќе исплетете ситна плетенка и тој дел од косата ќе се одвои од останатиот дел кој има нагласена форма.

Wet look
Овој изглед оваа година доживеа голем come back.

Опуштена пунџа
Пунџите не излегуваат од мода, но нивната форма се менува. Важно е само да не се “иштиркани“. Кога и да не знаете што да направите со косата, врзете ја во репче и свртете ја околу ластичето. Прицврстете ја со шнола и тоа е тоа.


You must be logged in to post a comment Login