Израелците се оправдано горди на овој пијалок кој се смета за еден од најпознатите вкусни освежувачки летни пијалоци во светот. Пробавме и со воодушевување се придржуваме кон добрите коментари.
Името лемонана е од со спојување на два хебрејски збора “лимон” и “нане” и не ви треба преведувач, бидејќи тоа исто звучи и на македонски. Ова е оригиналниот рецепт на Израел:
Ќе ви треба: За 2 големи чаши или 1 литар лемонане, 4 средни лимона, малку лисја на свежо нане, 3 лажици шеќер, 3 големи чаши мраз.
Подготовка: Се цеди сокот од лимон и се истура во бокал. Додадете ги листовите нане и шеќерот се раствора во половина чаша топла вода. Ставете го мразот во бокалот, промешајте и уживајте .
Мали тајни
– Лемонаната е поубава ако одстои најмалку еден час во фрижидер.
– Вкусот е поинтензивен доколку сите состојки ги ставите во блендер.
– Ако немате свежо нане, користете кесички за чај. Тоа не е тоа, но може да заврши работа.
– Вкусот е фантастичен и со лимета, односно помлад лимон.

You must be logged in to post a comment Login