Кога модата и технологијата ќе се здружат!
Познатите брендови Levi’s и Google моментално работат на иновативна технологија за изработка на облека во која на еден начин ќе бидат вградени микроурери, па затоа јакните, маиците па дури и долната облека ќе се претворат во преносни електронски уреди.
Интересниот и потполно иновативниот проект кој е наречен “Project Jacquard”, би требало да резултира со интерактивни иновативни производи кои ќе се базираат на технологијата која е користена за изработка на часовниците Apple и паметните очила. Водечките влакна кои Google ќе ги развива во соработка со една јапонска компанија, ќе можат да се вкаат во која било врста на ткаенина и тоа без преголеми модификации на ткаечкиот строј, најавуваат од Google.
Повеќе за ова дознајте во видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=X7ij4tramx8

You must be logged in to post a comment Login