Елизабет Харли, англиската актерка и поранешен модел, пред две недели наполни 50 години. На прагот на шестата деценија се чини дека не влегла нити во четвртата . Премногу силни зборови ? Па не баш, овие слики се доказ.
На вчерашната “NSPCC Art Gala” во Лондон бринета сјаеше. Совршен тен, волшебна и облини совршени за тесен фустан Елизабет се претвори во ѕвезда на вечерта.
Кралицата Хелена во тв серијата “The Royals” навистина изгледаше кралски.
Ова не е прв и секако не и последен Елизабет да ги засени сите гости. Нејзиниот изглед е тешка конкуренција.
Од 1987 година и филмот “Aria” таа привлекува со својата убавина. Така беше вклучувајќи ги и филмовите “Austin Powers: The Spy Who Shagged Me” и “The Last Guy on Earth”.
За десет години од нејзината врска со Хју Грант медиумите редовно пишуваа, а потоа во нејзиниот живот атрактивниот актер беше заменет со Стив Бинг и Арун Најар. Следеше кратка врска со Шон Ворн.
Најважниот човек во нејзиниот живот е синот Демијен со кој дојде и нејзината најважна улога, улогата на мајка.

You must be logged in to post a comment Login