За сите девојки кои не го сакаат вежбањето во теретана, на правото место сте!
Доколку сакате да го затегнете горниот дел од телото – раце, раменици и стомакот, треба да правите една забавна вежба. Потребна ви е топка за пилатес и малку трпение додека не научите да ја одржувате рамнотежата на топката.
Подигнете ги нозете на топката и наместете се во положба на склек. Потоа со помош на стомачните мускули и нозете повлечете ја топката према себе, така што задникот ќе ви се подигне што е можно повисоко.
Направете барем 10 повторувања, ќе ви биде сосема доволно, бидејќи оваа вежба е многу ефикасна.
Немојте да се откажувате по првиот неуспешен обид – со оваа вежба ја тренирате рамнотежата, концентрацијата, трпението и упорноста!

You must be logged in to post a comment Login