Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Ако детето лаже на 3 години – не се плашете, ако лаже на 7 – тешко вас

На сите понекогаш ни се случува да излажеме и тоа од најразлични причини. Најчесто, тоа го правиме за да се поштедиме себеси или некој друг од тешка и непријатна ситуација.

Прашањето е : како да ги научиме децата нам да ни ја кажуваат вистината и да знаат да проценат кога е правилно таа да се каже, а кога да се премолчи.
Сите ние сме лажеле и како малечки, но на која возраст почнуваме да лажеме?
Се смета дека на возраст од 2 до 4 години, децата почнуваат да лажат за да ги избегнат казните од родителите. Малите дечиња не се толку добри во лажењето. На четиригодишна возраст, кај децата се забележуваат промени, велат психолозите.
Тие заклучиле дека на возраст од три ипол до четири ипол години, децата ја усовршуваат “вештината“ да лажат и тогаш се дефинира дали тоа дете ќе израсне во “вешт лажго“ или не.

Факт е дека и возрасен човек ќе остане зачуден доколку забележи дека четиригодишно дете убедливо раскажува некоја лага, но никогаш немојте да го покажувате своето восхитување од таа способност пред детето, за да не го охрабрите да продолжи да лаже и понатаму.

Асистентката по детска психологиjа на Универзитетот Мекгил од Монтреал, доктор Викторија Талвар спровела експеримент со кој пробала да ја одреди разликата помеѓу лажењето на децата на различна возраст.

Таа се среќавала со секое дете посебно, отпрвин се обидувала да воспостави некаква врска со него, играјќи најразлични детски игри, а потоа им ја објаснувала играта на погодување. Детето треба да се сврти кон ѕидот. Истражувачот презентира играчка која испушта звук според кој детето иако не ја гледа, треба да погоди за каква играчка станува збор (полициска кола, кукла што плаче). Потоа, истражувачот презентира играчка која не испушта звук, а истовремено отвора музичка честитка која почнува да свири и го збунува детето. Тоа не може да погоди која е играчката која истражувачот ја има во своите раце. Докторката во еден момент ја напуштала просторијата, велејќи им на децата никако да не ѕиркаат додека таа не се врати. Откако се враќала, ги прашувала децата која е играчката која ја држи во рацете. Тие, додека биле сами, не можеле да издржат, а да не се свртат и да ја погледнат играчката и тоа се случувало после само неколку секунди откако истражувачот ја напуштал просторијата.

Потоа, како од пушка- децата задоволно го даваат точниот одговор, а докторката ги прашувала дали случајно се свртеле и ја погледнале играчката. Најголемиот процент од испитуваните тригодишни деца признавале дека ѕирнале на кратко, а децата над четири години лажеле и велеле дека не ѕиркале. 95% од децата на возраст од 4 до 6 години од било кој дел од светот би излажале и би рекле дека не ѕиркале- вели докторката Викторија Талвар.

Голем број деца ги вежбаат своите способности за лажење секојдневно, што често пати е знак за појава на незадоволство, а лагите ќе влијаат и на социјалниот живот на детето.

Учителите и останатите дечиња губат доверба во децата кои имаат тенденции често да лажат и многу често, тие деца остануваат  без другарчиња и не се популарни меѓу своите врсници.

Доколку лажењето му преоѓа на детето во навика откако тоа ќе наполни седум години, најверојатно ќе продолжи да лаже и понатаму, кога ќе порасне.
Професорот Канг Ли од Универзитетот во Торонто смета дека вистинската возраст да се забележи дека детето се претвора во лажго е некаде пред тоа да наполни осум години.
Денешните деца лажат за да се спасат од казна и прекорување од родителите, а не за да манипулираат со останатите, но така полека се претвораат во нечесни луѓе, а за тоа секако виновни се и нивните родители.
На пример, ако влезете во собата и забележите дека млекото е истурено на масата, вие ќе го прашате детето: Ти ли го направи ова?
Правилно би било да кажете: Го истури млекото. Ајде сега да го исчистиме.
Така му давате до знаење на вашето дете дека бесцелно е да се труди да лаже, затоа што вие секако ја знаете вистината. Дури и ако се обиде да ве излаже во оваа очигледна ситуација, насмејте се, но дајте до знаење дека знаете дека тоа не е така.
Не вреди да го карате вашето дете поради тоа што лажело, ниту пак константно да го напаѓате, само треба да му ставите до знаење дека нема потреба да се плаши да ви ја признае вистината. Сепак, вие сте му родител!

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement