Физичката активност за време на бременоста го поттикнува развојот на мозокот на бебето. Затоа, немојте да си дозволите да станете мрзливи за време на бременоста.
Една истражувачка студија што опфаќала 18 трудници донела заклучок дека децата на мајките што вежбале во бременоста имаат поразвиен мозок. Во рамките на ова истражување, научниците избрале десет трудници за групата што вежбала и осум за неактивната група во почетокот на нивното второ тримесечје. Жените во првата група со умерен интензитет вежбале 20 минути трипати неделно. Со помош на ЕЕГ, кој ја мери електричната активност на мозокот, истражувачите ја следеле мозочната активност на бебињата додека спиеле во првите 8-12 дена по раѓањето. Бебињата чии мајки вежбале покажале мала предност, заклучиле истражувачите.

You must be logged in to post a comment Login