Тренерот на познатите Дејвид Кирш е личноста на која Наоми Кембел му се обраќа кога сака да се доведе до фит форма пред ревија. Тој одлучил да ја подели нејзината омилена вежба за задник, а вие можете да ја додадете во било кој тренинг и така да ги затегнете и обликувате мускулите на нозете и задникот. Потребна вие топка за пилатес и подлога за вежбање. За вежбата се потребни само неколку минути.
1. Легнете со лицето свртени кон подот, така да колковите ви одмараат на топката, а рацете и стапалата ставете ги на под за да одржувате рамнотежа.
2. Тапкајте со стапалата према надвор, така да нозете ви бидат во форма на латиничната буквата V
3. Полека подигнете ги стапалата триесетина сантиметри над тлото и цврсто стиснете ги едно до друго.
4.Собраните нозе полека спуштајте ги према подот, а пред крај на движењето повторно ставете ги во V-положба.
5. Повторете го ова 15-20 пати.
Освен пилатес, Наоми е голем фан на јога. 42-годишната Наоми често се фали со своето совршено тело на Инстаграм, ставајќи слики во различни јога пози.

You must be logged in to post a comment Login