Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Кажете му збогум на салото од стомакот

Користете ја оваа едноставна рутина од три вежби за да го согорите масното ткиво од стомакот брзо и ефикасно.

Еве што да се прави: рутината вежбајте ја три дена во неделата, еден ден одмор помеѓу секоја сесија.
Правете ги вежбите како наизменично коло, вежбајќи по еден сет од секоја вежба во ред, и одмор од 30 секунди помеѓу секоја вежба.
Значи, ќе ја направите вежба 1 еднаш, ќе се одморите 30 секунди па ќе продолжите и ќе ја направите вежба 2 еднаш, ќе се одморите 30 секунди и ќе ја правите вежба 3. Откога ќе ја направите цела рутина одморете се 30 секунди и почнете одново. Целата рутина ја правите 2-3 пати.

Вежба 1

* Од 6-8 повторувања

Земете еден пар тегчиња кои нема да се премногу тешки, застанете со нозете во ширина на рамењата освен  колената кои треба да ви бидат благо свиткани. Наведнете ги колковите а при тоа одржувајте го долниот дел на грбот природно заоблен, а спуштете го вашето тело додека тоа е речиси паралелно со подот. Оставете ги тегчињата да висат во должина на раката од рамената.
Сега повлечете го тегчето во вашата десна рака странично од вашето тело со подигање на надлактицата, свиткајте го вашиот лакт и стегнете ја вашата плешка кон вашиот ‘рбет.
Како што го спуштате тоа тегче во исто време почнувате да ја виткате левата рака. Тоа е едно повторување.
Вежба 2

* Од 10-12 повторувања

Земете еден потежок тег и држете го на краевите по должината на рацете пред вашата половина.
Раширете ги нозете скоро два пати од ширината на рамењата.
Спуштете го телото најдолу колку што можете а колковите буткате ги наназад преку виткање на колената.

Пауза, потоа полека враќајте се во почетна позиција.
Одржувајте го телото колку што е можно поисправено за време на вежбата, а долниот дел на грбот природно заоблен.
Вежба 3
* До 10 повторувања

Заземете позиција за правење склекови со рацете исправени и вашето тело во права линија од вашата глава до глуждовите.
Без промена на држењето на долниот дел на грбот (треба да биде заоблен), подигнете го десното колено кон градите.

Пауза, вратете се на почетната позиција и повторете го истото со левата нога. Тоа е едно повторување.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement