Една од најнепријатните, најостри и најнеподносливи болки е болката во забите. Но, со помош на овој едноставен трик, забот ќе престане да ве боли, барем додека не стигнете до стоматологот.
Истражувањето спроведено во Канада во осумдесеттите години на минатиот век, покажало дека забоболката може да престане или барем да се намали без отворање на устата.
Се што ви е потребно е коцка мраз која ќе ја ставите помеѓу палецот и показалецот. Лесно тријте го со мразот тоа подрачје пет до седум минути.
Токму овој дел од дланката е местото на кое се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот, кои го контролираат нивото на болка во рацете и главата.
Триењето со мраз ги блокира тие центри, а 90 отсто од испитаниците кои учествувале во истражувањето потврдиле дека оваа техника им ја ублажила забоболката.

You must be logged in to post a comment Login